Трнава (Прешево)
Трнава или Трново — населено место во општината Прешево, Србија, во близина со македонската граница.
Трнава | |
---|---|
населено место | |
Координати: 42°16′52″N 21°38′44″E / 42.28111° СГШ; 21.64556° ИГД | |
Земја | Србија |
Округ | Пчињски |
Општина | Прешево |
Население (2022) | |
• Вкупно | 1.245 |
Час. појас | СЕВ (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+2) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на Трнавска Река во подножјето на планината Црна Гора. Куќите во селото гледаат кон исток. Главниот дел на селото е од збиен тип. Куќите се групирани во маала, додека пак маалата едни од други се оддeлени со улици. Низ селото тече Трнавска Река и така го дели селото на два дела.
Историја
уредиСе смета дека Трнава е старо село, кое неколку пати низ историјата опустило, но пак било обновено. Неговото сегашно име потекнува токму од некој настан, кога селото запустело, па израснале многу трња.
На северниот дел од селото, некогаш постоела црквата Свети Јован, каде што и бил закопан селскиот поп, по име Гуран. Новите доселени христијани, на тоа место повторно изградиле црква.
Во околината на селото има камен кој се нарекува Guri Frlljkt, односно Фрлен Камен. Селаните од околните села веруваат дека тој камен го фрлил Крале Марко.
Селото има мешан етнички состав. Порано живееле само Македонци православни, но тие се иселиле во велешкото село Лугунци.[1]
Во XIX век, селото е дел од Прешевската Каза на Приштинскиот Санџак.
По Првата балканска војна, станува дел од Кралството Србија, т.е. Јужна Србија. По Втората светска војна, званично останува во рамките на Србија, иако географски припаѓа кон Македонија.
Население
уредиСпоред пописот од 1913 година селото имало 576 жители и било дел од општината Прешево.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци, 150 Турци и 250 Македонци.[3]
- Има едно исламизирана староседелско семејство по име Маложив.
- Доселени муслимани има од фисот Соп, а тие се Укови, Фазлиови, Муслиови, Јакупови, Хуселинови, Рустемови, Аметови, Љатифови, Азирови, Реџепови, Муслиови, Шаќирови, Сулејманови, Шерифови и Садикови ; Од фисот Гаш се Меметови и Браимови; Ибраимови се од фисот Тсач; Од фисот Бериш се Аџи Мустафат; Сулејманови се доселие од Горна Морава; Амдијови се од фисот Красниќ;
- По Втората светска војна се доселиле следниве православни родови: Урошевци од Врање, Илиевци, Џолинци од Пчиња; Димитријевци, Станковци, Стаменковци, Јовиќи, Николовци ,Михајловци, Ристевци, Ѓорѓевци, Диновци, Стошиќи и Марковци од околината на Врање, Наумовци, Стојановци, Давидовци и Здравковци од Сурдулица.
Година | 1913 | 1931 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2002 | 2011 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 576 | 700 | 1001 | 1075 | 1204 | 1203 | 1207 | 1397 | 1160 | … | 1245 |
Според пописот од 2022 година, селото имало 1.245 жители, со густина на населеност од 63,52 жители/км2. 51,9% биле мажи, 48,1% биле жени.[4]
Наводи
уреди- ↑ Трифуноски, Јован (1951). Кумановска-прешевска Црна Гора. Белград: Српска академија на науките. стр. 159.
- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис становништва, домаћинстава и станова 2022 године“.