Курбалија — село во Србија во општина Прешево во Пчињскиот Округ. Селото се наоѓа во Прешевската долина, веднаш до границата со Косово и Македонија.

Курбалија
албански Kurbalia
село
Курбалија is located in Србија
Курбалија
Курбалија
Координати: 42°18′35″N 21°36′05″E / 42.30972° СГШ; 21.60139° ИГД / 42.30972; 21.60139
Држава Србија
ОкругПчињски Округ
ОпштинаОпштина Прешево
Население (2022)
 • Вкупно65
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Географија и местоположба

уреди

Селото е високопланинско и се наоѓа во Прешевскиот дел на Скопска Црна Гора на 798 м.н.в. Селото е од разбиен тип и се дели на две маала, кои се оддалечени 1.500 метри едно од друго.

Историја

уреди

Селото е ново, во однос на другите села во близина, односно постои околу 220 години.[1]

Во XIX век, селото е дел од Прешевската каза на Приштинскиот санџак.

По Првата балканска војна, станува дел од Кралството Србија, т.е. Јужна Србија. По Втората светска војна, званично останува во рамките на Србија.

Економија

уреди

Населението главно се занимава со земјоделство.

Население

уреди

Според пописот од 1913 година селото има 183 жители и било дел од општина Прешево.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[3]

Населението води потекло од фисот Бериш, претставени од фамилиите Муресљови и Асанови.

Година 1913 1931 1948 1953 1961 1971 1981 1991 2002 2011 2022
Население 183 150 312 341 309 267 126 184 146 65
Етнички состав според пописот на население од 2002. во Србија[4]
Албанци
  
144 98,63%
непознато
  
1 0,68%

Според пописот од 2022 година, селото имало 65 жители, со густина на населеност од 7.673/км2. 58.8% биле мажи, 41.5% биле жени.[5]

Наводи

уреди
  1. Трифуноски, Јован (1951). Кумановска-прешевска Црна Гора. Белград: Српска академија на науките. стр. 159.
  2. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Књига 1, Становништво, национална или етничка припадност, подаци по насељима, Републички завод за статистику, Београд, февруари 2003, -{ISBN 86-84433-00-9}-
  5. „Пописа становништва, домаћинстава и станова 2022 године“.

42°21′38″N 21°38′55″E / 42.36056° СГШ; 21.64861° ИГД / 42.36056; 21.64861