Миратовац
Миратовац или Миратовце — населено место во општината Прешево, Србија, во непоследна близина со македонската граница.
Миратовац | |
---|---|
населено место | |
Координати: 42°15′34″N 21°39′49″E / 42.25944° СГШ; 21.66361° ИГД | |
Земја | Србија |
Округ | Пчињски |
Општина | Прешево |
Население (2022) | |
• Вкупно | 2.034 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во подножјето на планината Црна Гора, на 3км северно од село Лојане. Се наоѓа на надморска висина од 404 метри. Околу него има чешми, бунари и извори. Селото е од збиен тип и има 8 маала. Секое маало е оддалечено од 100 до 200 метри едно од друго. Имињата на маалата во главно се по имињата на родовите во селото.
Историја
уредиМиратовце првично имало православно македонско население, кои подоцна се иселило и на нивно место се населиле Албанци муслимани по потекло од Албанија. Помеѓу селаните е запомнето дека при доселувањето нивно, тука тие еден период живееле заедно. Оваа преселба се случила во XVIII век. Голем дел од православните селани се знае дека се иселиле во Врање и Лесковац.[1]
Во XIX век, селото е дел од Прешевската каза на Приштинскиот санџак. До него постоело посебно маало наречено Ново Село, кое било новооформено од муслимански преселеници од северните териотрии на Османлиската Империја, која ги изгубила при осамостујувањето на Србија.
По Првата балканска војна, станува дел од Кралството Србија, т.е. Јужна Србија. По Втората светска војна, званично останува во рамките на Србија, иако географски припаѓа кон Македонија.
Население
уредиСпоред пописот од 1913 година селото има 1.144 жители и било дел од општина Жујинце.[2]
- Муслимански семејства: Семејството Кајош се доселило од фисот Гаш; Џелеп, исто од фисот Гаш; Пура, по потекло од фисот Красниќ; Хас, дојдени од Љума, порано биле католици; Карц и Кодран, дојдени од Љума; Маљок и Вацка, дојдени од фисот Гаш.
- Христијански семејства: Населеници и Дошњак, по потекло од Пчиња.
- Ромски семејства: Најголем дел од овие семејства се по потекло од Куманово, додека помал дел од Прешево.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.300 Албанци, 100 Роми и 50 Македонци.[3]
Година | 1913 | 1931 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2002 | 2011 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1144 | 1450 | 1935 | 2026 | 2318 | 2544 | 2872 | 3072 | 2774 | … | 2034 |
Според пописот од 2022 година, селото имало 2.034 жители, со густина на населеност од 81.21/км2. 48.9% биле мажи, 51.1% биле жени.[4]
Наводи
уреди- ↑ Трифуноски, Јован (1951). Кумановска-прешевска Црна Гора. Белград: Српска академија на науките. стр. 157.
- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Пописа становништва, домаћинстава и станова 2022 године“.
42°15′34″N 21°39′49″E / 42.25944° СГШ; 21.66361° ИГД
Оваа статија место во Србија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |