Општина Апаче
општина во Словенија
Општина Апаче (словенечки: Občina Apače) — општина во областа Долна Штаерска, североисточна Словенија.[1] Седиште на општината е селото Апаче. Се граничи со општините Шентиљ, Света Ана и Горња Радгона. Реката Мура тече по работ на оваа општина, и по неа поминува словенечко-австриската граница. Во 2020 г. населението броело 3.533 жители.
Општина Апаче Občina Apače | ||
---|---|---|
општина | ||
Местоположба на Општина Апаче во Словенија | ||
Земја | Словенија | |
Седиште | Апаче | |
Управа | ||
• Градоначалник | Андреј Штајер | |
Површина | ||
• Вкупна | 53,5 км2 (207 ми2) | |
Население (2010) | ||
• Вкупно | 3.533 | |
• Густина | 6,6/км2 (17/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+01) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02) | |
Мреж. место | obcina-apace.si |
Општината е основана со одлука во 2006 г. според која подрачјето околу Апаче е одвоено од Општина Горња Радгона на 1 јануари 2007 г. Денес е дел од Помурскиот статистички регион.
Населени места
уредиПокрај општинското седиште Апаче, општината ги опфаќа и следните населени места:
Наводи
уреди- ↑ „Apače municipal site“. Архивирано од изворникот на 2017-01-26. Посетено на 2021-09-03.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Апаче на Geopedia Архивирано на 20 јуни 2012 г.