Оливер Спасовски

македонски политичар
(Пренасочено од Оливер Спасов)

Оливер Спасовски (21 октомври 1976 во Куманово) — македонски политичар. Бил технички премиер на Македонија од 3 јануари 2020 по изборот на новата техничка влада. Функцијата министер за внатрешни работи ја извршувал во два кратки периода. На функција стапил на 2 септември 2016 година до 12 декември 2016. Претходно, во периодот од 11 ноември 2015 до 19 мај 2016 ја извршувал истата функција, по договорот од Пржино.[1] Оливер повторно стапува на должност како министер за внатрешни работи на Македонија на 1 јуни 2017 година кога парламентарното мнозинство ја изгласа новата влада на чело со Зоран Заев. На 3 јануари 2020 е избран за нов технички премиер во предизборната влада.

Оливер Спасовски
Министер за внатрешни работи на Македонија
На должноста
31 август 2020 – 28 јануари 2024
Претседател Стево Пендаровски
Премиер Зоран Заев
Димитар Ковачевски
Претходник Агим Нухиу
Наследник Панче Тошковски
На должноста
1 јуни 2017 – 3 јануари 2020
Претседател Ѓорге Иванов
Стево Пендаровски
Премиер Зоран Заев
Претходник Агим Нухиу
Наследник Наќе Чулев
На должноста
2 септември 2016 – 29 декември 2016
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Емил Димитриев
Претходник Митко Чавков
Наследник Митко Чавков
На должноста
11 ноември 2015 – 19 мај 2016
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Емил Димитриев
Претходник Митко Чавков
Наследник Митко Чавков
Пратеник во македонското Собрание
На должноста
26 јули 2006 – 21 јуни 2008
На должноста
25 јуни 2011 – 10 мај 2014
На должноста
30 декември 2016 – 31 мај 2017
Технички премиер на Македонија
На должноста
3 јануари 2020 – 31 август 2020
Претседател Стево Пендаровски
Претходник Зоран Заев
Наследник Зоран Заев
Лични податоци
Роден(а) 21 октомври 1976(1976-10-21)(48 г.)
Куманово, СР Македонија, СФРЈ
Партија СДСМ
Деца 2
Занимање Политичар
Вероисповед Православен христијанин

Животопис

уреди

Оливер Спасовски е роден 1976 во Куманово. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Во 2000 година работел како адвокатски приправник. Од 2001 до 2005 година работел како советник на градоначалникот на Општина Куманово. Од 2008 до 2011 година бил секретар на Општина Куманово. Во два мандата е избиран за пратеник, на изборите во 2006 и во 2011 година. На парламентарните избори во 2016 година бил носител на листа во изборна единица 2, предводена од коалицијата на СДСМ.

Наводи

уреди
  1. ФОТО: ТРОЈЦА НОВИ МИНИСТРИ ВО ПРЕДИЗБОРНАТА ВЛАДА. Архивирано од изворникот на 2015-11-12. Посетено на 2015-11-11.
 
Политички функции
Претходник
Зоран Заев
Премиер на Македонија
2020–2020
Наследник
Зоран Заев
Политички функции
Претходник
Агим Нухиу
Министер за внатрешни работи на Македонија
2017–2020
Наследник
Наќе Чулев
Политички функции
Претходник
Агим Нухиу
Министер за внатрешни работи на Македонија
2020–денес
Наследник
моментален