Наќе Чулев (р. Кавадарци, 1972) — македонски разузнавач и поранешен министер за внатрешни работи. Тој на оваа функција стапил по изборот на новата техничка влада на 3 јануари 2020.

Наќе Чулев
Министер за внатрешни работи на Македонија
На должноста
3 јануари 2020 – 25 јули 2020
Претседател Стево Пендаровски
Премиер Оливер Спасовски
Претходник Оливер Спасовски
Наследник Агим Нухиу
Директор на Агенцијата за разузнавање
На должноста
27 март 2013 – 27 март 2017
Претседател Ѓорге Иванов
Претходник Александар Боцинов
Наследник Зоран Иванов
Лични податоци
Роден(а) 1972 (воз. 51–52 г.)
Кавадарци, СР Македонија, СФРЈ
Партија ВМРО-ДПМНЕ

Животопис

уреди

Наќе Чулев, е поранешен министер за внатрешни работи. Тој работел во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во Агенцијата за разузнавање и бил редовен професор на Дипломатската академија на МНР. Во периодот од 2013-та до 2017 година, Чулев бил директор на Агенцијата за разузнавање, а од 2017 до 2019 генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање. Во минатото бил и советник во Агенцијата. Тој бил прв секретар во амбасадата на Македонија во Анкара, Турција од 2003 до 2007 година. Наќе Чулев по вокација е дипломиран криминалист со постипломски студии по мир и развој.