За градот во Калабрија, Италија, види Алби, Италија.

Алби (француски: Albi) — општина во јужна Франција. Тоа е главен град на департманот Тарн. Се наоѓа на реката Тарн, 80 км северно од градот Тулуза. Епископскиот град во центарот на денешниот град, околу градската катедрала, е ставен под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство во 2010.[1]

Алби
Грб на Алби
Алби is located in Франција
Алби
Алби
Координати: 43°55′44″N 2°08′47″E / 43.928889° СГШ; 2.146389° ИГД / 43.928889; 2.146389
ЗемјаФранција
РегионЈуг-Пиринеи
ДепартманТарн
ОкругАлби
Општ. заедницаАлбијци
Управа
 • Градоначалник (2008–2014) Филип Бонкарер (од 2001)
Површина144,26 км2 (1,709 ми2)
Население (2007)251.302
 • Густина12/км2 (30/ми2)
INSEE/Пошт. бр.81004 / 81000
Надм. висина130 м
(прос. 169 м)
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Администрација

уреди

Алби е седиште на 6 кантони, кои покриваат 18 општини, со број на жители: 67,729.

Историја

уреди

Првата човечка населба датира од бронзено време.

По римското освојување на Галија во 51 п.н.е., градот станал "Civitas Albigensium", територија на Албигејците, "Albiga". Според археолошките наоѓалишта, Алби бил скромен римски град.

Во 1040, Алби минува низ период на експанзија со градењето на Стариот Мост (Pont Vieux). Биле изградени нови населби и градот почнал да расте.

Во 1208, Папата и францускиот крал ги соединиле силите за да се борат против Катарите, кои развиле своја верзија на христијанство (опасен ерес за доминантната христијанска црква).

Од 1450 до 1560, Алби почнал трговски да се развива а се развивала и архитектурата.

Главни обележја

уреди

Алби е изграден околу оригиналната катедрала и групација на други зданија кои зафаќаат 63 хектари површина. Црвените плочки и цигли се главното обележје на овие зданија.

Заедно со Тулуза и Монтобан, Алби е еден од поголемите градови изградени во Лангдок.

 

Споменик на градот е катедралата Сент-Сесил. Овој споменик е ремек-дело на јужниот готски стил.

Постара од Папската Палата во Авињон, Бизбиевата Палата, поранешната бискупска палата на Алби, сега Музеј на Анри де Тулуз-Лотрек, е еден од најстарите и најдобро сочуваните замоци во Франција. Оваа импозантна тврдина била завршена на крајот на XIII век. Нејзиното име потекнува од окситанскиот збор Bisbia, што значи Палата на бискупите.

Стариот Мост (Pont Vieux) се користи и денес после скоро илјада години постоење. Оригинално изграден од камен (во 1035), потоа обложен со цигли, стои на 8 свода и е долг 151 метри. Во XIV век, бил појачан.

Алби е дом на Музејот на Тулуз Лотрек. Повеќе од 1000 дела, вклучувајќи и 31 познат постер, се чуваат меѓу овие ѕидини. Оваа колекција е најголемата јавна колекција на светот посветена на Анри де Тулуз-Лотрек.

Географија

уреди

Клима

уреди

Алби има океанска клима. Како речиси цела југозападна Франција, летата се со тенденција да бидат потопли а зимите благи. Поради повремените летни дождови неговата клима не е класифицирана како средоземна.

Клима на {{{Место}}}
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек

Сообраќај

уреди

Во Алби има две железнички станици на линии од Тулуза до Родез:

Автопатот A68 го поврзува Алби со Тулуза (и Лион N88 , идниот автопат).

Збратимени градови

уреди

Алби е збратимен со:

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди