Индиски паун

(Пренасочено од Обичен паун)
Индиски паун
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Фазани
Потсемејство: Фазани
Род: Паун
Вид: Индиски паун
Научен назив
Pavo cristatus
Линеј, 1758
Изворно живеалиште на индискиот паун

Индиски паун, син паун или обичен паун (научPavo cristatus) — вид голема шарена птица од родот паун (Pavo) на семејството фазани (Phasianidae) со потекло до Јужна Азија, но денес доведена во разни краишта на светот, вклучувајќи ја Македонија.

Мажјакот е претежно син, а на главата има цуцулка на тенки дршки. Најголема одлика му е долгата опашка со шарени „окца“. Ова се мошне цврсти пердуви кои птицата ги крева (отвора) како ладало за време на додворувањето. Женктие немаат ваква долга опашка, долниот дел од вратот им е зеленикав, а перјето им е со матна кафеава боја. Индискиот паун води претежно наземен живот во отворени шуми, или на обработено земјиште, каде јаде бобинки и жито, но воедно и змии, гуштери и мали глодачи. Звучно е препознатлив по гласниот вик, кој во шумски услови служи за предупредување од грабливци како што е тигарот. Се хранат во мали групи, а од опасност бегаат со трчање и се кријат во ниската растителност. Не летаат, освен кога треба се сместат на високите гранки за да се оседлаат.

Намената на раскошната опашака на паунот веќе подолго време е предмет на научен спор меѓу стручњаците. Чарлс Дарвин кон крајот на XIX век ова го сметал за загадочна појава, која тешко се објаснува со начелата на природно избирање (селекција). Дарвин подоцна ја објаснил појавата по пат на полово избирање, и истото е прифатено од многу, но не и сите биолози. Во XX век, израелскиот еволутивен биолог Амоц Захави го објаснил ова како хендикеп, каде мажјаците искрено ја сигнализираат нивната погодност за размножување сразмерно на раскошот на нивната опашка. Сепак, мислењето останува и понатаму поделено.

Паунот има значење во индиската и старогрчката митологија и претставува државно обележје на Индија. Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN) го води видот под статусот „најмала загриженост“ (LC).

Таксономија и именување

уреди
 
Индиски паун во Зоо Скопје.

Карл Линеј во своето дело „Систем на природата“ во 1758 година му го доделил на индискиот паун техничкото име Pavo cristatus (на класичен латински јазик значи „цуцулен паун“).

Грчкиот збор за паун бил таос и бил поврзан со персискиот тавус (како во Тахт-и-Тавус за славниот паунов престол).[2] Старохебрејскиот збор туки (множина тукијим) се вели дека потекнува од тамилскиот токеи, но понекогаш се следи до египетскиот тек.[3][4] На современ хебрејски јазик, зборот за паун е тавас.

Опис

уреди
 
Индиски паун на црковен покрив во манастирот „Св. Наум“, Охрид.

Паунот е меѓу најголемите претставници на семејството на фазаните. Долги се 100-115 см без, а 195-225 см сосе опашката и тежат 4–6 кг. Женките се помали, со просечна должина од 95 см и тежина од 2,75–4 кг.

Огласување на индискиот паун.

Возрасната женка има лисесто-кафена глава со цуцулка како мажјакот, само што има костенлива боја, обрабена со целено. Горниот дел од телото е кафеникав, со бледи шари. Главните, споредните и опашните пардуви се темнокафеави. Долниот дел од вратот е метално зелен, а градните пердуви се темнокафеави, со зелена нијанса. Останатите долни делови се белузлави.[5] Младенчињата со меко перје се светлокафеави, со темнокафеав белег на тилот, кој продолжува кон очите.[6] Младите мажјаци изгледаат како женки, но со костенливи крилја.[6][7]

Најчесто огласување е гласното пијао или мејао. Огласувањето зачестува пред монсунската сезона, а служи за тревога кога птицата ќе се вознемири од некој гласен звук. Во шума, честопати ваквото огласување означува присуство на непријател.[5][7] Други огласувања се брзоповторувачките ка-аан..ка-аан и ко-ко.[7][8] Кога се вознемирени, честопати оддаваат и трубест извик.

Размножување

уреди
 
Јајце на индиски паун од збирката на Висбаденскиот музеј.

Пауните се многуженци, со целогодишна сезона на парење, која сепак зависи од дождовите. Достигнуваат полова зрелост на возраст од 2 до 3 години.[9]

Исхрана

уреди

Ова е сештојадна птица која се храни со семиња, инсекти, плодови, мали цицачи и мали влекачи. Јадат мали змијулки, но се држат настрана од поголемите змии.[10] Во шумата Гир во Гуџарат, голем дел од исхраната им се состои од паднати бобинки од сирка (Zizyphus).[11] Кога се присутни поблиску до луѓето, јадат најразлични земјоделски култури: кикиритки, домати, ориз, лути пиперчиња, па дури и банани.[8]

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Pavo cristatus. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 November 2013.
  2. Lal, Krishna (2007). Peacock in Indian art, thought and literature. Abhinav Publications. стр. 11, 26, 139. ISBN 978-81-7017-429-5.
  3. Burton, R F (1884). The book of the sword. Chatto and Windus, London. стр. 155. ISBN 0-486-25434-8.
  4. Hehn, Victor; James P. Mallory (1976). Cultivated plants and domesticated animals in their migration from Asia to Europe: historico-linguistic studies Volume 7 of Amsterdam studies in the theory and history of linguistic science Amsterdam studies in the theory and history of linguistic science. Series I, Amsterdam classics in linguistics,1800-1925. John Benjamins Publishing Company. стр. 263. ISBN 90-272-0871-9.
  5. 5,0 5,1 Whistler, Hugh (1949). Popular handbook of Indian birds (4. изд.). Gurney and Jackson, London. стр. 401–410. ISBN 1-4067-4576-6.
  6. 6,0 6,1 Baker, ECS (1928). The Fauna of British India, Including Ceylon and Burma. Birds. Volume 5 (2. изд.). Taylor and Francis, London. стр. 282–284.
  7. 7,0 7,1 7,2 Ali, S and Ripley, S D (1980). Handbook of the birds of India and Pakistan. 2 (2. изд.). Oxford University Press. стр. 123–126. ISBN 0-19-562063-1.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. 8,0 8,1 Johnsingh, AJT; Murali, S (1978). „The ecology and behaviour of the Indian Peafowl (Pavo cristatus) Linn. of Injar“. J. Bombay Nat. Hist. Soc. 75 (4): 1069–1079.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. „Common (Indian) Peafowl“. Rolling Hills Wildlife Adventure. Посетено на 26 December 2012.
  10. Johnsingh, AJT (1976). „Peacocks and cobra“. J. Bombay Nat. Hist. Soc. 73 (1): 214.
  11. Trivedi,Pranav; Johnsingh, AJT (1995). „Diet of Indian Peafowl Pavo cristatus Linn. in Gir Forest, Gujarat“. J. Bombay Nat. Hist. Soc. 92 (2): 262–263.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди