Фазани

семејство птици
Фазани

Фазаните (научPhasianidae) се семејство на птици каде спаѓаат фазаните, еребиците, бисерките, кокошките, потполошките и пауните. Поради нејзината големина, фамилијата напати се раздвојува на две потсемејства: фазани (Phasianinae), и еребици (Perdicinae). Некои стручњаци во фамилијата вклучуваат и птици од други фамилии. Така, Американскиот сојуз на орнитолози ги вбројува тетребите (Tetraonidae), бисерките (Numididae) и мисирките (Meleagrididae) како потсемејства на фазаните.

Фазани
Период: олигоцен-денес,
Обичен фазан
(Phasianus colchicus)
Научна класификација [ у ]
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Фазани
Horsfield, 1821
Типски вид
обичен фазан
(Phasianus colchicus)
Linnaeus, 1758
Подгрупи

Систематика и еволуција

уреди

Кладот на фазаните е најголем огранок на кокошковидните птици и опфаќа над 150 вида. Во групата спаѓаат фазаните, еребиците, банкивските кокошки, потполошките и пауните. Се смета дека мисирките и тетребите потекнуваат од птици налик на фазаните и еребиците.

Најстарите фосилни наоди на птици од групата на фазаните датираат од доцниот олигоцен, пред околу 30 милиони години.[1]

Опис

уреди

Фазаните се земни птици. По големина се движат од 43 гр (кинеска потполошка) до 6 кг (индиски паун). Се одликуваат со полов диморфизам во големината, мажјаците се претежно поголеми од женките. По облик се заоблени, имаат широки и релативно кратки крила и силни нозе. Многу видови на нозете имаат мамуски, што постојат само во оваа група и кај бисерките и мисирките. Клунот е краток и силен, особено кај видовите што се хранат копкајќи во земјата. Мажјаците од поголемите видови имаат шарено перје со живи бои и украси на лицето како подбрадок или кикиришка (грива).

Географска застапеност и живеалиште

уреди

Птиците од оваа фамилија живеат во најголемиот дел од Европа и Азија (освен во најсеверните делови), цела Африка (освен најсувите пустини) и источна Австралија. Најголема разновидност се среќава во југоисточна Азија и Африка. Конгоанскиот паун го има само во Конго. Потсемејството на еребиците е многу пораспространето. Во својот ареал, присутни се во сите можни живеалишта освен субарктичките шуми и тундрата.

Фамилијата е претежно непреселничка, со исклучок на некои потполошки, кои одат на големи преселби. Неколку вида од фамилијата се воведени нашироко во целиот свет, особено фазаните, кои се доведени во Европа, Австралија и Америка. Постоајт популации на пауни и кокошки што живеат подивени во природата, откако избегале од стопаните.

Поведение и екологија

уреди

Фазаните и еребиците имаат разновидна исхрана: некои имаат чисто растителна исхрана (семки, листови, плодови, кртоли и корења), а некои се хранат со мали животинки како инсекти, ларви, па дури и гуштерчиња. Највеќето видови се построго поделени на месојадни и тревопасни, со тоа што пилињата кај сите видови јадат инсекти.

Покрај разликите во исхраната, членовите на фамилијата се разликуваат и по начинот на парење. Доста видови не се моногамни, што е необично за птиците во целина. Гнездата ги градат на земја. Само трагопаните се гнездат повисоко, во пенушки и грмушки. По облик, гнездата се движат од растителни купови до мали вдлабнатини во земјата. Обично снесуваат 7-12 јајца, но можат да снесат дури и 18. Просечниот број на снесени јајца е помал кај тропските видови. Јајцата ги квачи само женката, во период од 14–30 дена, зависно од видот.[2]

Фазаните како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Кога летаат фазаните“ (хрватски: Kad fazani lete) — песна од истоимениот музички албум на хрватската група Азра (Azra) од 1983 година.[3] [4]

Наводи

уреди
  1. Mayr G., Poschmann, M. and Wuttke, M. (2006). "A nearly complete skeleton of the fossil galliform bird Palaeortyx from the late Oligocene of Germany." Acta Ornithol., 41: 129–135. [1]
  2. McGowan, P.J.K. (1994) Family Phasianidae (Pheasants and Partridges) P.p. 434-479 in del Hoyo, J.; Elliot, A. & Sargatal, J. (editors). (1994). Handbook of the Birds of the World. Volume 2: New World Vultures to Guineafowl. Lynx Edicions. ISBN 84-87334-15-6
  3. Amazon.co.uk, AZRA - Kad fazani lete, Album 1983 (CD) (пристапено на 12.1.2017)
  4. Discogs, Azra (3) ‎– Kad Fazani Lete (пристапено на 18.12.2021)

Надворешни врски

уреди