Византија под Арапската династија

(Пренасочено од Никифорова династија)

Византиското Царство од страна на Арапската или Никифоровата династија била управувана во периодот од 802 година со назначувањето на Никифор I за цар а завршило во 813 по крајот на владеењето на Михаил I Рангабе.

Византиско Царство
Βασιλεία Ῥωμαίων
802–813
Location of Византија
Главен градЦариград
Говорени јазицигрчки
Уредувањеавтократија
Византиски цар 
Историја 
• стапување на престолот на Никифор I
802
• абдикцијата на
Михаил I Рангабе
813
Претходници
Наследници
Византија под Сириската династија
Византија под Аморијската династија

Династијата започнала да управува по симнувањето од престолот на Ирина. Династијата е позната според нејзиниот основач Никифор I. Во текот на настаните, Византија се соочувала со големи проблеми околу зачувување на својата граница како и елиминирање на внатрешните конфликти.

Византија речиси постојано била во конфликти во текот на Никифоровата ера. Самиот Никифор починал во битка против Бугарите. Од друга страна, во западните земји започнала ерата на Карло Велики, кој станал свет римски цар прогласен од римскиот папа.

Никифор I

уреди

Никифор бил назначен за министер за финансии од царицата Ирена. Со помошта на патрициите и евнуците успеал да ја симне од престолот и да ја протера Ирена и да биде избран како цар на нејзино место на 31 октомври 802 година. Го крунисал неговиот син Ставрикиј како негов помошник во 803 година.

Неговото владеење било загрозено од Барданес Туркос, еден од највештите генерали, кој бил револтиран и добил поддршка од другите команданти, најмногу од подоцнежните цареви Лав V Ерменец и Михаил II во 803 година. Никифор започнал општа реорганизација на Царството, создавајќи нови теми на Балканот.. Иако назначил патријарх кој ги почитувал иконите, Никифор, царот Никифор бил претставен како зло од верските историчари како Теофан Исповедникот.

Во 803 година, Никифор склучил договор, наречен „Никифорски мир“, со Карло Велики, но одбил да го признае неговиот царски дигнитет. Врските се влошиле и довеле до војна за Венеција во периодот 806–810. Никифор објавил војна против Арапите. Бил приморан да отиде да се бори самиот поради нелојалноста на Барданес, доживувајќи тежок пораз на Битката кај Красос во Пригија (805). Во 806 година, муслиманска армија од 135.000 војници навлегле во Царството. Неспособен да одговори на муслиманските бројки, Никифор се согласил да прогласи мир под услов на плати 50.000 номизмата веднаш и годишна такса од 30.000 номизмата. Со борбата за наследство во калифатот по смртта на Харун ел Рашид во 809 година, Никифор бил слободен да се договори со Крум, хан на Бугарија, кој ја напаѓал северната граница и само што ја освоил Сердика (Софија). Во 811 година, Никифор ја освоил Бугарија, поразувајќи го Крум двапати и го опколил бугарскиот главен град Плиска; меѓутоа, во текот на повлекувањето на Никифор, византиската војска била ставена во заседа и имала големи загуби во планинските превои на 26 јули од Крум. Никифор бил убиен во битката, втор византиски цар кој ја имал оваа судбина од Валенс во Битката кај Адријанопол (9 август 378). Крум се вели дека направил чаша за пиење од черепот на Никифор.

Ставрикиј

уреди

Никифор бил наследен од неговиот син Ставрикиј во декември 803 година.[1] Хроничарот Теофан Исповедникот изјавил дека тој бил целосно неспремен да стане негов помошник[2] и тврдел дека Ставрикиј бил виновен за силување,[1] тврдење можеби под влијание на неговата омраза кон Никифор I.[3] Ставрикиј учествувал во експедицијата на татко му против Крум од Бугарија во 811 година[4] и одвај се спасил од ужасната Битка кај Плиска, каде неговиот татко бил убиен.[5] Меѓутоа, Ставрикиј бил парализиран од повредата со меч близу неговиот врат,[6] и бил спасен од царски стражар кој го спасил од битката и го донел во Адријанопол.[7] Бегајќи со него бил и неговиот шура, Михаил Рангабе, командантот Стефан и магистрантот Теоктистос.[8] Собрани околу кревето на Ставрикиј, тие расправале за наследството. Поради непознатата состојба, бил забрзано прогласен за цар од Стефан, кој ја имал поддршката на војската.[9] Ова било првпат цар на Источното Царство да биде крунисан надвор од Цариград.

Меѓутоа во исто време, Теоктистос го притискал Михаил Рангабе да го преземе царскиот престол за себе — поради повредите на Ставрикиј и поради тоа што бил зет на Никифор, Теоктистос верувал дека тој бил најдобар избор за справување со бугарската закана. Меѓутоа, Михаил продолжил да го поддржува неговиот шура.[10] Во меѓувреме, за да го обезбеди своето продолжение на престолот, Ставрикиј се појавил пред остатокот на царската војска во Адријанопол и имал некои критики кон сега починатиот негов татко, што наишло на нивна поддршка.[8] Ставрикиј бил набрзо пренесен со носилка од Адријанопол во Цариград.

Кога жената на Михаил I Рангабе, Прокопија, не успеала да го убеди нејзиниот брат Ставрикиј да го именува Михаил како негов наследник, група на постари лица (магистрантот Теоктистос, командантот Стефан и патријархот Никифор) го приморале Ставрикиј да абдицира во негова корист на 2 октомври 811 година. Ставрикиј се повлекол во манастир[11] каде починал од раните на 11 јануари 812 година.[12] Михаил Рангабе станал цар како Михаил I.[13]

Михаил I Рангабе

уреди

Михаил I се обидел да спроведе политика на помирување, напуштајќи го точното оданочување спроведувано од Никифор I. Со намалување на царскиот приход, Михаил дарежливо давал пари на војската, бирократијата и Црквата. Избран со поддршка на православната струја во црквата, Михаил внимателно ги прогонувал иконоборците и го приморал патријархот Никифор да отстапи од неговиот спор со Теодор Студит, влијателен свештеник во манастирот Студиос.

Во 812 година, Михаил I ги отворил преговорите со Франките и го признал Карло Велики како цар. Како размена за тоа признавање, Венеција била вратена на Византија. Меѓутоа, под влијание на Теодор, Михаил ги одбил мировните услови од Крум и го отпочнал освојувањето на Месембрија (Несебар) од Бугарите. По првичниот успех во пролетта 813 година, војската на Михаил се подготвувала за поголем судир кај Версиникија близу Адријанопол во јуни. Византиската војска била приморана да бега, а положбата на царот била сериозно ослабена. Со заговор во воздухот, Михаил подранил на настаните и абдицирал во корист на генералот Лав Ерменец и станал монах (под името Атанасиос). Неговите синови биле кастрирани и однесени во манастири, еден од нив Никетас (именуван Игнатиј), на крајот станал Цариградски патријарх. Михаил умрел на 11 јануари 844 година.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Kazhdan, pg. 1945
  2. Chronographia, 480:14-15
  3. Whittow, pg. 12
  4. Norwich, pg. 8
  5. Treadgold, pg. 428-9; Vasiliev, pg. 271
  6. Treadgold, pg. 429
  7. Kazhdan, pg. 1946; Finlay, pg. 127
  8. 8,0 8,1 Bury, pg. 16
  9. Kazhdan, pg. 1946; Treadgold, pg. 429; Finlay, pg. 127
  10. Bury, pg. 17
  11. Treadgold, pg. 429; Finlay, pg. 128
  12. Dumbarton Oaks, Catalogue of the Byzantine Coins in the Dumbarton Oaks Collection and in the Whittemore Collection: Leo III to Nicephorus III, 717-1081 (1973), pg. 362
  13. Kazhdan, pg. 1362; Whittow, pg. 150