Неџо Осман (Скопје, 6 јануари 1958) ― југословенски, македонски и германски глумец, поет и режисер од ромска народност.

Неџо Осман
Роден(а)6 јануари 1958(1958-01-06)(66 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
ОбразованиеАкадемија за театар и филм
Занимањеглумец
СопружникНада Кокотовиќ (в. 2024)

Животопис

уреди

Дипломирал на Академијата за театар и филм во Нови Сад во класата на Раде Шербеџија. Така тој станал првиот ромски професионален глумец во СФРЈ.[1] Во ромскиот театар „Пралипе“ од Скопје и во Народниот театар во Суботица ги играл главните улоги во многу класични и современи претстави и за тоа добил многубројни награди. Гостин бил на сцената на Српскиот народен театар во Нови Сад и Југословенскиот драмски театар во Белград. Тој дошол во Германија во 1991 година. како член на театарскиот ансамбл „Пралипе“ во Милхајм на Рур. Тој брзо ги освоил најдобрите критики како глумец и режисер и останал таму да живее и работи. Во 1995 година, заедно со неговата доживотна придружничка Нада Кокотовиќ, го основал театарот ТКО (Театар „Кокотовиќ Осман“) во Келн, каде работи како уметнички директор. Покрај тоа, работи како новинар и поет, а ангажиран е и како социјален работник и водач на многу проекти за Роми во Келн и Франкфурт на Мајна. Од 2000 година до 2008 година, водел радио емисија за Роми на Радио Мултикулти, а од 2002 година и во Дојче Веле во Бон.[2][3]

Осман е преведувач на ромски јазик и поет, а страста за пишување ја открил уште на рана возраст. Неговото вдахновение е улицата, населбата во која живеат Роми, искуствата со тие што не се Роми и љубовта како извор на убавина. Неговите песни се објавени во Србија, Турција, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Холандија и Германија.

Наводи

уреди
  1. „Neđo Osman: Meni je Jugoslavija bila Hollywood“. Autonomija (српски). 2021-12-28. Посетено на 2022-04-04.
  2. „NEĐO OSMAN | Sarajevske Sveske“. sveske.ba. Посетено на 8 ноември 2023.
  3. „Nada Kokotović i Neđo Osman“. www.audioifotoarhiv.com. Посетено на 8 ноември 2023.

Надворешни врски

уреди