Неџати Зекерија
Неџати Зекерија или Неџати Зекирија (турски: Necati Zekeriya, Скопје, 11 ноември 1928 - Нови Сад 10 јуни 1988) — поет, раскажувач, писател за деца, преведувач од турска народност во Македонија. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како уредник во редакцијата „Бирлик“ при НИП „Нова Македонија“. Член на ДПМ е од 1951 година.[1]
Неџати Зекерија | |
---|---|
Неџати Зекерија | |
Изворно име | Necati Zekeriya |
Роден/а | 11 ноември 1928 Скопје, Кралство СХС (денес Македонија) |
Починат/а | 10 јуни 1988 Нови Сад, СР Србија, СФРЈ | (возр. 59)
Занимање | поет и прозаист за деца, книжевен критичар |
Значајни награди | „Халк џумхуријети“ |
Животопис
уредиНајпрво учел кај професорот Арап Хоџа. Основно училиште завршил на српски јазик, кој бил службен во делот на Македонија кој бил под власта на Кралството Југославија. Во меѓувреме го затекнала Втората светска војна и тој го прекинал образованието поради војната. Своето образование го продолжил и по војната. Курсевите за турски професор ги завршил со голем успех. Во 1947 г. започнал со работа како професор во основното училиште „Ирфан“. Пос една година работа заминал да го отслужи воениот рок. Откако ја завршил и оваа обврска во 1950 г. од Петриње се вратил во Скопје. Станал директор на детското списание „Пионер“. По една година продолжил со издавање на истото списание, но под името „Севинч“. Исто така, тој станал директор на уште едно детско списание „Томурџук“.[2] Како директор на списанијата работел долги години, покажавуајќи ентузијазам и во објавувањето на некои детски книги на турски јазик. Вложил труд и за излегувањето во јавност на месечното списание „Сеслер“. Во работата со списанијата тој покажал делотворна работа, па бил дури и привремен директор на неколку броја од некои списанија.
Во 1969 г. бил назначен за главен уредник на весникот „Бирлик“. За време на неговото работење како уредник на весникот (кој тогаш бил неделник), започнал да излегува трипати неделно благодарение на него. Во 1973 г. се повлекол од местото уредник под неразјаснети околности. Според некои причина биле политички несогласувања, а според други недобро завршената работа. Во 1975 година, во Приштина, почнал да работи на весникот „Тан“, а во 1979 година бил поставен за главен уредник на детското списание „Куш“. Одиграл важна улога за добра промена и на весникот и на списанието. На 10 јуни 1988 г. починал во болницата во Сремска Каменица, во близината на Нови Сад.
Творештво
уредиНеџати Зекерија веднаш по војната почнал да пишува свои стихотворби, кои ги објавувал во весникот „Бирлик“. Таму и го започнал своето книжевно дело. Во 1949 г. Во книгата „Македонија генч турк јазарларин есерлери“ биле сместени 14 негови песни. Во 1950 ја добил македонската литературна награда „Халк џумхуријети“ и бил прв од турските писатели кој ја добил оваа награда. Истата година му била објавена и првата книга од издавачката куќа „Ново поколение“. Потоа следеле книгите: „Окул чани“ („Детска радост“, 1953) „Нерде олсам“ („Кочо Рацин“, 1953), „Кирмизи купелер“ („Детска Радост“, 1958) и „Лорка Сојутулмаси“ („Тан“, 1977), која била објавена и на македонски јазик како: „Варијации за Лорка“. Во сиве овие години, поезијата тој што ја пишувал била во списанијата собрани се во една книга на македонски која е наречена „отуз дорт сене“. Има и уште една негова книга која се вика „Аблама Севда Шиирлери“.
Всушност, тој стекнал популарност со своите раскази за деца. Неговите детски раскази се преведени на неколку јазици, и се издадени во повеќе странски земји. Неговите збирки со детски раскази се следните:
- „Бизим сокагин чоџуклари“ (издавачка куќа „Култура“ Скопје, 1961)
- „Ески сокагин чоџуклари“ (издавачка куќа „Детска Радост“ 1967)
- „Ѓузел недр чиркин недр“ (издавачка куќа „Култура“ 1968, Скопје - на македонски и турски јазик)
- „Ромео и Јулија од нашата улица“ (издавачака куќа „Тан“ 1978, Приштина).
Дел од овие книги се издадени и во Турција, каде што некои се дадени на употреба во училиштата. Освен детски раскази, напишал и раскази за возрасни, но тие не се издадени. Неџати Зекерија, освен со пишување на раскази, се занимавал и со критичарска и преведувачка активност. Има преведно многу книги од македонски на српскохрватски јазик. Имал голем придонес при преведување на познати книжевни дела од другите земји во светот на турски јазик, а тој е составувач на повеќе антологии објавени во Турција.
Почести
уредиВо чест на писателот е наречено основното училиште „Неџати Зекирија“ во с. Коџаџик. Дебарско (Општина Центар Жупа).
Во Скопје постои кафе-книжарница „Децата од нашата улица“, наречена по истоимената збирка раскази на Зекерија.[3]
Објавени дела
уредиПозначајни дела на Зекерија се:[4]
- Лирика (1950)
- Школско ѕвонче (поезија за деца, 1952)
- Зајак мечувалец (поезија за деца, 1953)
- Каде сум (поезија, 1953)
- Булка (поезија, 1954)
- Црвени обетки (поезија за деца, 1958)
- Децата од нашата улица (раскази за деца, 1961)
- Заспивалки (поезија за деца 1964)
- Љубов (поезија, 1965)
- Децата од старата улица (раскази за деца, 1966)
- Капки (поезија, 1967)
- Децата од новата улица (раскази за деца, 1967)
- Орхан (раскази за деца, 1973)
- Каде е зеленото (поезија, 1975)
- Варијации за Лорка (поезија, 1977)
- Ромео и Јулија од нашата улица (раскази за деца, 1978)
- Старо купувам, ново продавам (раскази за деца, 1982)[5]
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија (прв том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 592.
- ↑ „Белешка за авторот“, во: Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 91.
- ↑ „Децата од нашата улица“. Facebook. Посетено на 29 јуни 2015.
- ↑ „Белешка за авторот“, во: Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 91.
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 93.
Надворешни врски
уреди„Неџати Зекерија“ на Ризницата ? |
- Дела на Неџати Зекерија во македонските библиотеки[мртва врска] — заемен каталог COBIB