Небесен пол

(Пренасочено од Небесниот пол)

Небесен пол — една од двете точки на небото каде Земјината оска на вртење се сече со небесната сфера. Северниот и јужниот небесен пол секогаш се непосредно над главата на набљудувачот застанат на Северниот или Јужниот Пол на Земјата. Додека Земјата се врти на својата оска, двата небесни пола остануваат неподвижни на небото, а сите други ѕвезди делуваат како да се вртат околу нив, исполнувајќи еден круг дневно (поточно за еден ѕвезден ден или околу 23 часа 56 минути и 4,1 секунди).

Северниот и јужниот небесен пол и нивниот однос со оската на вртење, орбиталната рамнина и осниот наклон.
Во текот на ноќта на северната полутопка, околуполарните ѕвезди делуваат како да кружат околу северниот небесен пол. Северницата (на 1° од полот) е речиси неподвижната сјајна ѕвезда веднаш лево од средиштето на овие ѕвездени траги.

Небесните полови исто така се половите на небесниот екваторски координатен систем, што значи дека имаат деклинации од +90° и −90° (за северниот и јужниот небесен пол). И покрај нивната неподвижност за нашите очи, небесните полови на подолг рок не остануваат трајно на нивните места. Поради појавата наречена прецесијата на рамнодениците, половите опишуваат кружници на небесната сфера за период од околу 25.700 години. Земјината оска исто така претрпува сложени движења кои за малку ги поместуваат небесните полови во циклуси од различно времетраење. На многу долг рок се менуваат положбите и на самите ѕвезди поради нивните сопствените движења. За да се земе предвид ваквото движење, определебите на небесние полови се дополнуваат со епоха која ја наведува годината на вртежната оска. Тековниот стандард е J2000,0.

Овие појави и законитости важат и за другите планети: небесните полови на една планета се точките на небото во кои проекцијата на планетарната вртежна оска се сече со небесната сфера. Овие точки се разликуваат од една планета до друга бидејќи нивните оски се различно насочени (исто така, привидните положби на ѕвездите малку се поместуваат како последица од паралаксата).[1]

Наоѓање на северниот небесен пол

уреди

Северниот небесен пол денес е оддалечен на 1° од сјајната ѕвезда Северница (наречена и „поларна ѕвезда“), што е причината за нејзиното име. Таа е од голема важност за морепловството на северната полутопка: не само што секогаш е над северната точка на хоризонтот, уку нејзиниот висински агол е (речиси) секогаш еднаков на географската ширина на набљудувчот.

Северницата е близу до северниот небесен пол за само мел дел од 25.700-годишниот циклус на прецесија. Ќе биде корисна водилка уште 1.000 години, кога полот ќе се помести поблиску до Алрај (Гама Кефеј). За околу 5.500 полот ќе се помести близу ѕвездата Алдерамин (Алфа Кефеј), а за 12.000 години Вега (Алфа Лира) ќе стане северна ѕвезда, иако на околу 6° од вистинскиот северен небесен пол.

За да ја најдеме Северницата, од некое место на северната полутопка се насочуваме северно и ги наоѓаме астеризмите Голема Кола (Плуг) и Мала Кола. Гледајќи го „ралникот“ на Плугот, меѓу ѕвездите на надворешниот раб од ралникот замислуваме права која се издига од ралникот. Оваа права напосредно удира во завршетокот на рачката на Малиот Плуг. Таа ѕвезда е Северница (ѕвездата на северниот пол).[2]

Наоѓање на јужниот небесен пол

уреди
 
Наоѓање на јужниот небесен пол

Јужниот небесен пол е видлив само од јужната полутопка. Сместен е во слабо видливото соѕвездие Октант. Јужната поларна ѕвезда (Јужница) е Сигма Октант, која е на растојание нешто над 1° од полот, но таа е одвај видлива дури и ведрина поради нејзината величина од 5,5.

Прв начин: Јужен Крст

уреди

Јужниот небесен пол може да се најде според соѕвездието Јужен Крст и неговите две „покажувачки“ ѕвезди α Кентаур и β Кентаур. Повлекуваме замислена права од γ Јужен Крст до α Јужен Крст (двете ѕвезди со кои звршуваат краците од долгата оска на крстот) и потоа ја следиме по небото. Или продолжете 4,5 пати растојанието на долгата оска во насока на тесниот крај на овие вкрстени точки, или поврзете ги сцете покажувчки ѕвезди со отсечка, поделете ја напола, и потоа повлечете замислена нормала преку небото додека не ја пресечете правата на Јужниот Крст. Овој пресек е 5° или 6° од јужниот небесен пол. Помеѓу Јужниот Крст и самиот пол нема неки значајни сјајни ѕвезди, макар што соѕвездието Мува е лесно препознатливо веднаш под Јужниот Крст.

Втор начин: Канопус и Ахернар

уреди

Вториот начин се служи со Канопус (втора ѕвезда по сјајнсо на небото) и Ахернар. Се црта голем рамностран триаголник со овие две зѕезди како негови темиња. Третото замислено теме ќе биде јужниот небесен пол. Ако Канопус сè уште нема изгреано, може да се користи и Алфа Паун.

Трет начин: Магеланови Облаци

уреди

Третиот начин најдбро се изведува на ведри ноќи без месечина, и користе два слабо бледи „облаци“ на јужното небо. Во астрономската книжнина тие се нарекуваат Големи и Мал Магеланов Облак. Овие „облаци“ се впрочем џуџести галаксии близу Млечниот Пат. Ако нацртаме рамностран триаголник, третото теме ќе биде полот.

Четврти начин: Сириус и Канопус

уреди

Ако повлечеме права од Сириус (насјајната ѕведа на небото) до Канопус (втората по сјајност) и продолжиме уште толку, стасуваме до место на 2° од полот. Со други зборови, Канопус а на половна пат помеѓу Сириус и полот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Jim Kaler Professor Emeritus of Astronomy, University of Illinois. „Measuring the sky A quick guide to the Celestial Sphere“. Посетено на 10 март 2014.
  2. Loyola University Chicago. „Earth-Sky Relationships and the Celestial Sphere“ (PDF). Посетено на 10 март 2014.

Надворешни врски

уреди