Орбитална рамнина

Орбитална рамнина — геометриска рамнина на која лежи орбитата на едно тело кога кружи околу друго. Ја определуваат два чинитела: наклонот (i) и должината на искачувачкиот јазол (Ω). За нејзиното геометриско одредување се достатни три неколинеарни точки во просторот. Таков пример е: центарот на потежок објект, центарот на објектот што се врти околу него и центарот на истиот во некој подоцнежен момент.

Приказ на орбитални елементи. Орбиталната рамнина е означена со P1.

Сите планети, комети и астероиди во Сончевиот Систем се движат во орбита околу Сонцето. Сите тие орбити меѓусебно речиси се порамнуваат, сочинувајќи зарамнет круг наречен непроменлива рамнина на Сончевиот Систем.

Наклонот на една планета во сончевиот Систем по дефиниција е аголот помеѓу нејзината орбитална рамнина и орбиталната рамнина на Земјата (еклиптиката). Во други случаи, како кога една месечина кружи околу некоја планета, наклонот на орбитата на месечината полесно се определува како аголот помеѓу нејзината орбитална рамнина и екваторот на планетата.

Кај вештачките сателити околу Земјата

уреди

Кај носечките ракети и вештачките сателити, една орбита се определува токму со орбиталната рамнина, и тоа поеади тоа што би морало да се потроши многу големо количество гориво за да се смени орбиталната рамнина на едно летало. Леталото полесно се справува со други чинители како што се орбиталниот период, занесувањето (ексцентричност) на орбитата и нејзината фаза.

Орбиталните рамнини на вештачките сателити доживуваат колебање поради несферноста на Земјината тежа. Поради ова, орбиталната рамнина на сателитот полека се врти околу Земјата, зависно од нејзиниот агол во однос на екваторот. Кај рамнините под критичен, ова значи дека рамнината ќе го следи Сонцето околу Земјата, образувајќи сонцоусогласена (синхронизирана) орбита.

Лансирниот прозорец (временски период погоден за лансирање) на едно летало се одредува според тоа кога целната орбитална рамнина ќе се пресече со космодромот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди