Натриум цијанид

хемиско соединение

Натриум цијанид — отровно соединение со формула NaCN. Тоа е бела, растворлива во вода цврста супстанца. Цијанидот има висок афинитет за метали, што доведува до висока токсичност на оваа сол. Неговата главна примена, во ископувањето злато, исто така ја користи високата реактивност кон металите. Тоа е умерено силна база.

Натриум цијанид
Sodium cyanide bonding
Назнаки
143-33-9 Ок
ChEMBL ChEMBL1644697 Ок
ChemSpider 8587 Ок
EC-број 205-599-4
3Д-модел (Jmol) Слика
PubChem 8929
RTECS-бр. VZ7525000
UNII O5DDB9Z95G Ок
ОН-бр. 1689
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Изглед бела цврста супстанца
Мирис мирис на горчлив бадем
Густина 1.5955 g/cm3
Точка на топење
Точка на вриење
48.15 g/100 mL (10 °C)
63.7 g/100 mL (25 °C)
Растворливост растворлив во амонијак, метатнол, етанол
делумно растворлив во диметилформамид, SO2
нерастворлив во диметил сулфоксид
Показател на прекршување (nD) 1.452
Термохемија
Стандардна моларна
ентропија
So298
115.6 J·mol−1·K−1
Специфичен топлински капацитет, C 70.4 J·mol−1·K−1
Опасност
GHS-ознаки:
Пиктограми
GHS06: Токсично GHS09: Опасност по животната средина
NFPA 704
4
0
0
Температура на запалување Non-flammable
Смртоносна доза или концентрација:
6.44 mg/kg (глушец, орално)
4 mg/kg (офца, ораллно)
15 mg/kg (цицач, ораллно)
8 mg/kg (глушец, орално)[2]
NIOSH (здравствени граници во САД):
PEL (дозволива)
TWA 5 mg/m3[1]
REL (препорачана)
C 5 mg/m3 (4.7 ppm) [10-minute][1]
IDLH (непосредна опасност)
25 mg/m3 (as CN)[1]
Безбедносен лист ICSC 1118
Слични супстанци
Други катјони Калиум цијанид
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Производство и хемиски својства

уреди

SНатриум цијанид се произведува со третирање на цијановодород со натриум хидроксид:[3]

HCN + NaOH → NaCN + H2O

Светското производство беше проценето на 500.000 тони во 2006 година. Порано беше подготвен со Кастнеровиот процес кој вклучува реакција на натриум амид со јаглерод на покачени температури.

NaNH2 + C → NaCN + H2

Структурата на цврстиот NaCN е слична со онаа на натриум хлоридот.[4] Анјоните и катјоните се секој од шест координати. Калиум цијанид (KCN) покажува слична структура.[5]

Кога се третира со киселина, тој формира токсичен гас цијановодород:

NaCN + H+ → HCN + Na+

Бидејќи солта е добиена од слаба киселина, натриум цијанидот лесно се враќа во HCN со хидролиза; влажната цврста супстанца од оваа сол испушта мали количества цијановодород, за кој се смета дека мириса на горчлив бадем (не секој може да го мириса - способност да се помириса се должи на одредена генетска одлика кај индивидуата). Натриум цијанид брзо реагира со силни киселини и ослободува цијановодород. Овој опасен процес претставува значителен ризик поврзан со цијанидните соли. Најефикасно се детоксицира со водород пероксид (H2O2) за да се произведе натриум цијанат (NaOCN) и вода:[3]

NaCN + H2O2 → NaOCN + H2O

Употреба

уреди

Ископување со цијанид

уреди

Цијанидирањето на златото (исто така познато како цијаниден процес) е доминантна техника за екстракција на злато, од кој голем дел се добива од руда со низок степен на злато. За таа цел се користи повеќе од 70% од потрошувачката на цијанид на глобално ниво. Употребата го искористува високиот афинитет на злато(I) за цијанид, кој го поттикнува златниот метал да се оксидира и раствора во присуство на воздух (кислород) и вода, создавајќи сол натриум дицијаноаурат:[3]

4 Au + 8 NaCN + O2 + 2 H2O → 4 Na[Au(CN)2] + 4 NaOH

За цличен процес се користи и калиум цијанид (KCN, близок роднина на натриум цијанид), за производство на калиум дицијаноаурат (KAu(CN)2).

Хемиска суровина

уреди

Неколку комерцијално значајни хемиски соединенија се добиени од цијанид, вклучувајќи цијанурид хлорид, цијаноген хлорид и многу нитрили. Во органската синтеза, цијанидот, кој е класифициран како силен нуклеофил, се користи за подготовка на нитрили, кои се наоѓаат нашироко во многу хемикалии, вклучително и фармацевтски производи. Илустрирана е синтезата на бензил цијанид со реакција на бензил хлорид и натриум цијанид.[6]

Употреба

уреди

Бидејќи е многу токсичен, натриум цијанидот се користи за брзо убивање или зашеметување, како на пример при собирање инсекти во тегли што ги користат ентомолозите и во нелегален риболов со цијанид.

Токсичност

уреди

Натриум цијанидот, како и другите растворливи цијанидни соли, е меѓу најбрзо делувачките од сите познати отрови. NaCN е моќен инхибитор на дишењето, кој делува на митохондријалната цитохром оксидаза и оттука го блокира транспортот на електрони. Ова резултира со намален оксидативен метаболизам и искористување на кислородот. Потоа се јавува млечна ацидоза како последица на анаеробен метаболизам. Орална доза од 200–300 mg може да биде фатална.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Џебен водич за опасните хемиски материи #0562“. Национален институт за безбедност и здравје при работа (NIOSH). (англиски)
  2. „Cyanides (as CN)“. Immediately Dangerous to Life and Health. National Institute for Occupational Safety and Health (NIOSH).
  3. 3,0 3,1 3,2 Rubo, Andreas; Kellens, Raf; Reddy, Jay; Steier, Norbert; Hasenpusch, Wolfgang (2006), „Alkali Metal Cyanides“, Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry, Weinheim: Wiley-VCH, doi:10.1002/14356007.i01_i01
  4. Wells, A.F. (1984) Structural Inorganic Chemistry, Oxford: Clarendon Press. ISBN 0-19-855370-6.
  5. H. T. Stokes; D. L. Decker; H. M. Nelson; J. D. Jorgensen (1993). „Structure of potassium cyanide at low temperature and high pressure determined by neutron diffraction“. Phys. Rev. B (Submitted manuscript). 47 (17): 11082–11092. Bibcode:1993PhRvB..4711082S. doi:10.1103/PhysRevB.47.11082. PMID 10005242.
  6. Adams, Roger; Thal, A. F. (1922). „Benzyl cyanide“. Organic Syntheses. 2: 9. doi:10.15227/orgsyn.002.0009.

Надворешни врски

уреди