Букерова награда

британска книжевна награда
(Пренасочено од Награда Букер)

Букерова награда (англиски: Booker Prize; 1969–2000 г. Booker Prize for Fiction; 2002–2019 г. Man Booker Prize) — книжевна награда што секоја година се доделува на најдобриот роман на англиски јазик во авторство на државјанин на Комонвелтот, Ирска или Зимбабве,[1] а почнувајќи од 2014 г., и било која друга земја во светот, доколку делото е напишано на англиски и објавено во Британија.[2] Наградата на добитникот му гарантира меѓународен углед и успех во кариерата, па затоа таа има големо значење во книгоиздаваштвото.[3] Авторите што ќе се најдат во потесниот, па дури и во поширокиот избор исто така добиваат на значаен углед.

Букерова награда
Booker Prize
ОписНајдобар роман на англиски јазик од Комонвелтот, Ирска или Зимбабве
МестоГилдхол, Лондон, Англија
ДржаваОбединето Кралство Уреди на Википодатоците
ДоделуваЗадолжбина „Букерова награда“ Уреди на Википодатоците
Прво
доделување
1969
Мрежно местоthebookerprizes.com

Историја и раководство

уреди

Букеровата награда првично се нарекувала „Букер-Меконелова награда“ (Booker-McConnell Prize), именувана по претпријатието „Букер Меконел“ кое ја основало наградата во 1968 г. под свое покровителство.[4] Кога, во 2002 г,, одговорноста за раководењето на наградата припаднала на Задолжбината „Букерова награда“ (Booker Prize Foundation), како покровител се јавила инвестиционата фирма „Ман груп“ (Man Group), која го задржала зборот Букер во името на наградата. Во 2019 г. Ман ја доделиле последната награда како покровител на наградите.[5] Покровителството прешло на добротворната задолжбина „Кренкстарт“ (Crankstart) на општественикот Мајкл Мориц и сопругата Хериет Хејман, во траење од пет години, со можност за уште пет. Името на наградата е официјално изменето на само „Букерова награда“ (The Booker Prize).[6]

Самата задолжбина е независна добротворна организација која работи со средства од сите приходи на Booker Prize Trading Ltd., како единствен акционер.[7] Денес паричниот дел од наградата изнесува 50.000 фунти, и со тоа е една од најбогатите книжевни награди во светот.

Жири

уреди

Изборот започнува со воспоставување на советодавна комисија составена од писател, двајца издавачи, агент, книжар, библиотекар и претседавач назначен од задолжбината. Тие ја избираат жири-комисијата, чии членови по правило се различни секоја година. Таа е составена од најистакнатите книжевни критичари, писатели, академици и водечки општественици.

Добитникот се прогласува на почетокот на октомври.

Лауреати

уреди

Во чест на 25-годишнината на наградата, одлучено е да се додели посебна награда „Букер на Букерите“ (Booker of Bookers). За најдобар од сите романи што ја добиле наградата е избран „Деца на полноќта“ од Салман Ружди (добитник во 1981 г).[8]

Во 2008 г. е доделена слична награда наречена „Најдоброто од Букер“ (The Best of the Booker) во чест на 40-годишнината на наградата. Во потесниот избор влегле шест дела, а добитникот го гласала јавноста. За најдобар роман повторно е прогласен „Деца на полноќта“.[9][10]

Година Автор Наслов Изворен наслов Жанр Земја
1969 Перси Хавард Њуби „Се бара одговор“ Something to Answer For роман   Британија
1970 Бернис Рубенс „Избраниот член“ The Elected Member роман   Британија
1970[11][12] Џејмс Гордон Фарел „Неволји“ Troubles роман   Британија
  Ирска
1971 Видијадар Сураџпрасад Најпол „Во слободна држава“ In a Free State расказ   Британија
  Тринидад и Тобаго
1972 Џон Бергер „Џ.“ G. експериментален роман   Британија
1973 Џејмс Гордон Фарел „Опсадата на Кришнапур“ The Siege of Krishnapur роман   Британија
  Ирска
1974 Надин Гордимер „Конзерватор“ The Conservationist роман   ЈАР
Стенли Мидлтон „Празник“ Holiday роман   Британија
1975 Рут Правер Џабвала „Жега и прашина“ Heat and Dust историски роман   Британија
  Германија
1976 Дејвид Стори „Савил“ Saville роман   Британија
1977 Пол Скот „Исчекување“ Staying On роман   Британија
1978 Ајрис Медрок „Морето, морето“ The Sea, the Sea филозофски роман   Ирска
  Британија
1979 Пенелопи Фицџералд „На море“ Offshore роман   Британија
1980 Вилијам Голдинг Пристапни обреди Rites of Passage роман   Британија
1981 Салман Ружди Деца на полноќта Midnight's Children магиски реализам   Британија
1982 Томас Кенили „Шиндлеровата барка“ Schindler's Ark биографски роман   Австралија
1983 Џон Максвел Куци „Животот и времето на Мајкл К.“ Life & Times of Michael K роман   ЈАР
1984 Анита Брукнер „Хотел на езерото“ Hotel du Lac роман   Британија
1985 Кери Хјум „Народ на коските“ The Bone People мистериозен роман   Нов Зеланд
1986 Кингсли Ејмис „Стари ѓаволи“ The Old Devils хумористичен роман   Британија
1987 Пенелопи Лајвли „Месечев тигар“ Moon Tiger роман   Британија
1988 Питер Кери „Оскар и Лусинда“ Oscar and Lucinda роман   Австралија
1989 Казуо Ишигуро „Остатоци од денот“ The Remains of the Day историски роман   Британија
  Јапонија
1990 Антонија Сузан Бајат „Опседнатост“ Possession роман   Британија
1991 Бен Окри „Гладниот пат“ The Famished Road магиски реализам   Нигерија
1992 Мајл Ондатје Англискиот пациент The English Patient историографска метапроза   Канада
  Шри Ланка
Бери Ансворт „Света глад“ Sacred Hunger историски роман   Британија
1993 Роди Дојл „Педи Кларк ха-ха-ха“ Paddy Clarke Ha Ha Ha роман   Ирска
1994 Џејмс Келман „Доцна, баш доцна“ How Late It Was, How Late тек на свеста   Британија
1995 Пет Баркер „Патот на сеништата“ The Ghost Road воен роман   Британија
1996 Греам Свифт Последна заповед Last Orders роман   Британија
1997 Арундати Рој „Богот на малите нешта“ The God of Small Things роман   Индија
1998 Ијан Мекјуан „Амстердам“ Amsterdam роман   Британија
1999 Џон Максвел Куци „Срам“ Disgrace роман   ЈАР
2000 Маргарет Атвуд „Слепиот убиец“ The Blind Assassin роман   Канада
2001 Питер Кери „Вистинска приказна за Келиевата банда“ True History of the Kelly Gang историски роман   Австралија
2002 Јан Мартел „Живот на Пи“ Life of Pi фантастичен роман   Канада
2003 Ди Би Си Пјер „Малиот Бог Вернон“ Vernon God Little роман   Австралија
2004 Алан Холингхарст „Линија на убавината“ The Line of Beauty историски роман   Британија
2005 Џон Бенвил „Море“ The Sea роман   Ирска
2006 Киран Десаи „Наследена загуба“ The Inheritance of Loss роман   Индија
2007 Ен Енрајт „Собир“ The Gathering роман   Ирска
2008 Аравинд Адига „Белиот тигар“ The White Tiger роман   Индија
2009 Хилари Мантел „Волчја аула“ Wolf Hall историски роман   Британија
2010 Хавард Џејкобсон „Финклеровото прашање“ The Finkler Question роман   Британија
2011 Џулијан Барнс „Насетување на крајот“ The Sense of an Ending роман   Британија
2012 Хилари Мантел „Подигнете ги телата“ Bring Up the Bodies историски роман   Британија
2013 Еленор Катон „Расветители“ The Luminaries историски роман   Нов Зеланд
2014 Ричард Фланаган „Тесниот пат код длабокиот север“ The Narrow Road to the Deep North историски роман   Австралија
2015 Марлон Џејмс „Кратка историја на седум убиства“ A Brief History of Seven Killings историски/експериментален роман   Јамајка
2016 Пол Бити „Продадена душа“ The Sellout сатиричен роман   САД
2017 Џоџ Сондерс „Линколн во бардо“ Lincoln in the Bardo историски роман   САД
2018 Ана Бернс „Млекар“ Milkman роман   Британија
2019 Маргарет Атвуд „Завети“ The Testaments роман   Канада
Бернардин Еваристо „Девојка, жена, друго“ Girl, Woman, Other експериментален роман   Британија
2020 Даглас Стјуарт „Шаги Бејн“ Shuggie Bain роман   Британија
  САД
2021 Дамон Галгут „Ветување“ The Promise роман   ЈАР
2022 Шехан Карунатилака „Седумте месечини на Мали Алмејда“ The Seven Moons of Maali Almeida роман   Шри Ланка
2023 Пол Линч „Песна на пророкот“ Prophet Song дистописки роман   Ирска
2024 Саманта Харви „Орбитала“ Orbital научнофантастичен роман   Британија

Поврзани награди

уреди

Во 2005 г. е воведена посебна „Меѓународна Букерова награда“ (Man Booker International Prize) која се доделува на писател од било која земја, на секои две години. Во 1992 г. е воспоставена руска верзија на наградата наречена „Руски Букер“ (Russian Booker, офиц: Booker-Open Russia Literary Prize) Во 2007 г., Man Group ја основале „Мановата азиска книжевна награда“ (Man Asian Literary Prize) за најдобар роман од Азија напишан или преведен на англиски јазик и издаден во претходната календарска година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Букерова награда: Правила“. bookerprize.com. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
  2. „„Изненадување и ризик": Реакции на пресвртот во наградувањето“. BBC. 18 септември 2013. Посетено на 19 септември 2013. (англиски)
  3. „Големата експлозија на Букер“. New Statesman. 9 октомври 2008. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
  4. „Букерова награда: историја на контроверзности, критики и великани на книжевноста“. The Guardian. Guardian Media Group. 18 октомври 2011. Посетено на 18 октомври 2011. (англиски)
  5. Davies, Caroline (27 јануари 2019). „Booker prize trustees search for new sponsor after Man Group exit“. The Guardian. Посетено на 27 јануари 2019.
  6. Flood, Alison (28 февруари 2019). „Booker Prize: Silicon Valley Billionaire Takes Over as New Sponsor“. The Guardian. Посетено на 28 февруари 2019.
  7. „Букерова награда: Правни информации“. bookerprize.com. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
  8. Малан, Џон (12 јули 2008). „Животи и дела, Каде се сега?“. The Guardian. Guardian Media Group. Посетено на 11 септември 2011. (англиски)
  9. „Најдоброто од Букер“. The Guardian. Guardian Media Group. 21 февруари 2008. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
  10. „Ружди ја доби наградата „Најдоброто од Букер". БиБиСи Вести. БиБиСи. 10 јули 2008. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
  11. Во 1971 г. е решено да се наградува дело издадено истата, наместо претходната година, па затоа наградата не ја добило ниедно дело издадено во 1970 г. Во 2010 г. е одлучено таа награда да се додели ретроспективно, под називот „Изгубената Букерова награда“ ("Lost Man Booker Prize"), и тоа на романот „Неволји“ од Џејмс Гордон Фарел.
  12. Мелверн, Џек (20 мај 2010). „Џ.Г. Фарел доби Букерова награда за 1970 г, 30 години откако е починат“. The Times. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 23 декември 2010. (англиски)

Надворешни врски

уреди