Маргарет Атвуд
Маргарет Атвуд (англиски: Margaret Atwood; 1939, Отава, Канада) — канадска писателка и критичарка.
Животопис
уредиМаргарет Атвуд е родена во Отава, државата Онтарио, во 1939 година.[1] Таа живее во Торонто со писателот Грем Гибсон со кого има една ќерка.[2]
Творештво
уредиАтвуд е најпознатата канадска писателка, добитничка на многу награди, како што се: Букеровата награда (2000 и 2019), „Welsh Arts International“, наградата „Артур Кларк“, наградата „Франц Кафка“, „Златниот венец на Струшките вечери на поецијата“ и највисоките канадски признанија. Исто така, таа е добитничка на францускиот орден „Легија на честа“. Централни теми во нејзините дела се камерните, семејни теми, машко-женските односи, еманципацијата на жената и развојот на женското пријателство, како што е случајот во романите „Приказната на слугинката“ (The Handmaid's Tale), „Мачкино око“ (Cat's Eye), „Слепиот убиец“ (The Blind Assassin), „Изронување“ (Surfacing), „Хранливата жена“ (The Edible Woman), „Леди Оракл“ (Lady Oracle), „Животот пред човекот“ (Life Before Man), „Телесна повреда“ (Bodily Harm), „Невестата на ограбувачот“ (The Robber Bride) и „Алијас Грејс“ (Alias Grace). Во збирката раскази „Морално пореметување“ ги обработува мрачните семејни врски и постојаната борба на стегите во која на патот на созревањето се укинува себичноста и незрелоста на возрасните. Според нејзиниот роман „Приказната на слугинката“, славниот германски режисер Волфганг Шлендорф го снимил истоимениот филм.[3] [4]
Наводи
уреди- ↑ Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 259.
- ↑ „O autorki“, во: Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 339.
- ↑ Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 259-260.
- ↑ „O autorki“, во: Margaret Atvud, Sluškinjina priča. Beograd: Laguna, 2006, стр. 339.