Муждел
Муждел (грчки: Μυλόπετρα, Милопетра; до 1927 г. Μουζδέλ, Муздел[1]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[2]
Муждел Μυλόπετρ | |
---|---|
Координати: 41°25.0′N 24°13.0′E / 41.4167° СГШ; 24.2167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски |
Општина | Неврокоп |
Надм. вис. | 740 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на југозападните падини на Родопите и спаѓа во историско-географската област Чеч. Соседни села се Костен, Прибојна, Кољарба, Љубан, Ловчишта, Горна Лакавица и Оштица. Муждел е сместен меѓу реките Кајна и Мужделска Река пред да се слеат.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо скратен регистар за ливата Паша од 1519 г. село Муждел е запишан вака — муслимани: 19 домаќинства, ергени - 10; немуслимани: 66 домаќинства, ергени - 7, вдовици - 7.[3] Во подробен регистар за санџакот Паша од 1524-1537 г. во селото се заведени муслимани: 18, ергени - 17; немуслимани: 35, ергени - 6, вдовици - 6.[4] Во скратен регистар од 1530 г. Муждел имал муслимани: 18 домаќинства, ергени - 17; немуслимани: 35 домаќинства, ергени - 6, вдовици - 6.[5] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. даночно обврзаното население е претставено вака: муслимани - 31 семејства и 61 ергени; немуслимани - 1 семејство и 5 баштини.[6] Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската каза за 1723 г. за селото Муждел (М’жнадел) се запишани 26 муслимански домаќинства.[7]
Во XIX век Муждел било муслиманско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Меџилово (Médjilovo) било село со 33 домаќинства сочинето од 95 жители Македонци-муслимани.[8][9] Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Муждел (Миждилово) имало машко население на 107 Македонци-муслимани кои живееле во 33 куќи.[8][10] Според Васил К’нчов во 1900 г. Муждел (М’ждел) имал 60 куќи.[11]
Во Грција
уредиВо Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. По податоци на БПЦ кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Муждел живееле 70 семејства со вкупно 340 лица. Според грчка статистика во 1913 г. селото имало 395 жители.[12] Во 1920 година населението се намалило на 292 лица.[2]
Во 1923 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки доселеници од Турција. През 1927 година името на селото е сменено от Муждел (Μουζδέλ) на Милопетра (Μυλόπετρα).[13] До 1928 г. во Муждел се доселиле 69 грчки дојденци (23 лица).[14] Во 1928 г. селото имало 88 жители, а во 1940 г. нивниот број се зголемил на 137.
Селото е напуштено за време на Граѓанската војна и повеќе не е обновено.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 182. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 58. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
- ↑ Радушев, стр. 121-122
- ↑ Радушев, стр. 131
- ↑ Стоjановски, Александар (2007). Турски документи за историjата на Македониjа. Опширен пописен дефтер за Паша санџакот (казите Драма, Кавала, Серез и Неврокоп) од 1569/70 година, том X, книга 2. Скопjе: Државен архив на Република Македониjа. стр. 626–627. ISBN 978-998-962-264-9. OCLC 645308759.
- ↑ Радушев, стр. 222-223
- ↑ 8,0 8,1 Нарекувајќи ги „Помаци“.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 132–133. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани (II издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 112. ISBN 954-9308-51-0.
- ↑ Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. „Неврокопската каза“. Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско. София: Наука и изкуство. стр. 269.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 – Μακεδονία“ (грчки). Архивирано од изворникот на 31 юли 2012. Посетено на 4 мај 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|archivedate=
(help) - ↑ Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012