Горна Лакавица
Горна Лакавица или Врла Лакавица (грчки: Μικροκλεισούρα, Микроклисура; до 1927 г. Λακάβιστα, Лакависта[2]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[3]
Горна Лакавица Μικροκλεισούρα | |
---|---|
Поглед на Горна Лакавица | |
Координати: 41°23.14′N 24°3.21′E / 41.38567° СГШ; 24.05350° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски |
Општина | Неврокоп |
Надм. вис. | 440 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 72 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиИсторија
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо опис датиран меѓу 1478 и 1502 г. Горна Лакавица (Л’кавица или Папа Рајко) се води како село со 47 немуслимански домаќинства, 17 ергени немуслимани 7 вдовици и 1 муслиман.[4] Во скратен регистар за ливата Паша од 1519 г. селото Папа Рајко со друго име Лакавица (Л’кавиче) е запишано вака — муслимани: 2 домаќинства; немуслимани: 74 домаќинства, ергени - 9, вдовици - 11.[5] Во подробен регистар на санџакот Паша за 1524-1537 г. во Горна Лакавица (Лакавиче со друго име Папа Рајко) се регистрирани муслимани: 1, нежененети - 3; немуслимани: 67, ергени - 9, вдовици - 13.[6] Во скратерн регистар од 1530 г. Горна Лакавица (Лакавиче со друго име Папа Рајко) имало муслимани: 1 домаќинство, ергени - 3; немуслимани: 67 домаќинства, ергени - 9; вдовици - 13.[7] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. се дава даночно обврзаното население вака: муслимани - 3 семејства и 15 ергени; немуслимани - 15 семејства и 37 неженени.[8] Во список на домаќиствата на Неврокопскиот вилает од 13 март 1660 г. селото Горна Лакавица (Л’ковиче-и баља) е заведено како село со 7 немуслимански семејства.[9] Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската каза за 1723 г. Горна Лакавица (Л’кавиче-и баља) е запишана со 12 муслимански и 5 немуслимански домаќинства.[10] Од ова се гледа дека исламизацијата зела замав дури во XVIII век.
Во XIX век Горна Лакавица било муслиманско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горна Љаковица (Gorna-Liakovitsa) имала 110 домаќинства на 270 жители муслимани.[11] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 500 жители „Турци“. Ова е грешка.[12] Во друга статистика К’нчов се исправа, велејќи дека во Горна Лакавица (Л’ковица) имало 100 македонски муслумански куќи.[13]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска. По податоци на БПЦ кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Горна Лакавица живееле 130 семејства со вкупно 665 лица. по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 657 жители.[14] Во 1920 г. селото имало 680 жители.[15]
Во 1923 г. жителите на Горна Лакавица како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1927 г. селото е преименувано во Микроклисура (Μικροκλεισούρα).[16] До 1928 г. во Горна Лакавица бил доведен 201 грчки (63 семејства) дојдени од Турција.[17]
Во 1960-тите дошло до масовно иселување на населението во поголемите градови.[3]
Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 363 | 429 | 303 | 192 | 112 | 113 | 113 | 111 | 72 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 176. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ „Откъси от регистър за ленни владения в Западните Родопи и Серско“. Родопски сборник. 1: 309–310. 1965. OCLC 402561706.
- ↑ Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 56. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
- ↑ Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 95–96. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
- ↑ Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 129. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
- ↑ Стоjановски, Александар (2007). Турски документи за историjата на Македониjа. Опширен пописен дефтер за Паша санџакот (казите Драма, Кавала, Серез и Неврокоп) од 1569/70 година, том X, книга 2. Скопjе: Државен архив на Република Македониjа. стр. 416–417. ISBN 978-998-962-264-9. OCLC 645308759.
- ↑ Горозданова, Елена (2001). Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 293. ISBN 954-9800-14-8.
- ↑ Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 224–225. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 124–125. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 194. ISBN 954430424X.
- ↑ Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. „Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“. Избрани произведения. Том I. София: Наука и изкуство. стр. 273.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 – Μακεδονία“ (грчки). Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 3 мај 2009.
- ↑ Pathfinder clubs. „ΟΔΟΙΠΟΡΙΚΟ ΣΤΟ ΝΟΜΟ ΔΡΑΜΑΣ“ (грчки). Архивирано од изворникот на 2009-08-08. Посетено на 3 мај 2009. Занемарен непознатиот параметар
|архив_дата=
(help); Занемарен непознатиот параметар|архив_уеб_адрес=
(help) - ↑ Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012