Мужделска Река
река во Драмско, Егејска Македонија
Мужделска Река или Муждел (грчки: Μούσδα, Мусда[1]) — река во Драмско, Егејска Македонија.[2][3] Го носи името на некогашното село Муждел кое го одминува од запад.
Мужделска Река Μούσδα | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Драмско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Родопи, граница со Бугарија |
• координати | 41°31′35″N 24°17′32″E / 41.5264° СГШ; 24.2921° ИГД |
Устие | |
• место | Места кај Попово Село |
• координати | 41°20′54″N 24°12′14″E / 41.3483° СГШ; 24.2039° ИГД |
Особености на сливот | |
Течение
уредиРеката извира од Родопите, северозападно под грнаичниот врв Картала (1802 м, гранична пирамида бр. 230) и тече на север под името Довачешме. Кај граничната пирамида бр. 227 свртува на запад, а по неколку километри се насочува на југ. Прима две поголеми десни притоки наречени Куручај. Потоа ја прима десната притока Карадере, левата Дебреџилска Река (Дебреџили), десната Кајнар, па кај Попово Село се влева во реката Места како нејзина притока. Овде водата впрочем дотекува во акумулацијата Черешовско Езеро изградена на Места.[2]
Притоки
уреди→ лева, ← десна
Наводи
уреди- ↑ „Βαθύρεμα-Καρά Ντερέ“. Natura Graeca. Посетено на 6 јануари 2023.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 3,0 3,1 Dráma GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)