Мравка
Мравки Период: Доцниот дел од креда – До денес | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Група на мравки од родот solenopsis | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Научна класификација | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Типски вид | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Formica rufa Лине, 1761 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Потсемејства | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Cladogram of
subfamilies
|
Мравки се еусоцијални инсекти од семејството formicidae и, заедно со осите и пчелите, припаѓаат на редот на hymenoptera. Мравките се појавиле наеднаш околу светот во доцниот дел од креда, но веќе биле доста разновидни од самиот почеток, сугерирајќи дека имале порани предци. Мравките еволуирале од семејство vespoid, еден тип на оси кои биле предци од периодот креда, кои станале мошне разновидни веќе поради зголемениот број на скриеносеменици. Повеќе од 12.500 од проценетите 22.000 видови на мравки се класифицирани до денес.[1][2] Тие лесно се препознатливи од нивните искривени антени и дистинктивната јасолеста структура на нивното тенко тело.
Мравките формираат живеалишта кои по големина се од неколку мравки грабливки што живеат заедно во мали природни дупки, до огромни организирани мравјалници кои окупираат големи територии, и се состојат од милиони мравки. Поголемите мравјалници имаат разни класи на стерилни, безкрилести женки, од кои повеќето се работници, како и војници и други специјализирани групи.[3][4] Речиси сите мравјалници имаат и плодни машки единки кои се наречени дрони, но и една или повеќе плодни женки наречени матици.[4] Мравјалниците се нарекуваат и суперорганизми затоа што мравките работат како едно, унифицирано суштество, за да ја поддржат заедницата.[5][6]
Мравките се присутни на речиси секој континент и остров на светот. Единствените места на коишто нема домородни мравки се Антарктикот и неколку ненаселиви острови. Мравките удобно живеат во повеќето екосистеми и вообичаено сочинуваат меѓу 15-25% од живата маса на копнени животни.[7] Нивното напредување во толку многу околини е главно поради на нивната социјална организација и нивната способност да ја изменат околината, да ги корстиат расположливите ресурси и да се бранат себеси. Нивното заедничко живеење со други видови довело до мимикрија, коменсализам, паразитизам и мутуализам[8]
Во заедниците на мравки има поделба на работа, комуникација измеѓу единките и способноста да извршат покомплицирани проблеми.[9] Овие сличности со човечкото општество одамна било инспирација за истражување. Голем број на култури ги користат мравките за храна, медицина и ритуали. Некои видови на мравки се користат за уништување на други инсекти, кои вообичаено се штетни.[10] Поради нивната способност да користат ресурси, во некои случаи мравките се наоѓаат во конфликт со луѓе бидејќи можно е да оштетат фарми, но и да извршат инвазија на згради. Некои видови, како Solenopsis invicta се сметаат за инвазивни мравки, кои се сместуваат во места каде што биле однесени нагрешка
Таксономија и еволуција
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Семејството Formicidae е дел од редот Hymenoptera, кое исто така вклучува некои видови на муви, пчели и оси. Мравките еволуирале од инфраредот Aculeata, и истражување од 2013 г. сугерира дека се сестринска група со Apoidea.[11] Во 1966 г, Едвард Осборн Вилсон и неговите колеги истражувале фосил од мравка (Sphecomyrma) која живеела во периодот креда. Мравката, која била заробена во килибар датирала од околу 92 милиони години, имала сличности кои се присутни во некои оси, но не во денешните мравки.[12] Истраживање од 2006 г. Сугерира дека мравките се појавиле десетици милиони години порано од што претходно било познато, дури и пред 168 милиони години.[13] По зголемениот број на скриеносемеци пред околу 100 милиони години мравките станале многу разновидни и биле во еколошка доминација пред околу 60 милиони години.[13][14][15][16] Некои групи, како Leptanillinae и Martilinae сугерираат дека мравките станале разновидни уште од пораните мравки кои највереојатно биле грабливци во најгорните слоеви на земјата.[17][18]
Во периодот на Кредата, раните мравки биле распространети околу Лавразија во северната полутопка. Сепак тие биле ретки во споредба со останатите популации на инсекти, мравките претставувале само околу 1% од целосната популација на инсекти. Мравките станале доминантни по адаптивното зрачење во почетокот на периодот палеоген. Меѓу епохите Олигоцен и Миоцен, мравките веќе претставувале меѓу 20-40% од сите фосили на инсекти. Од видовите кои живееле во епохата Еоцен, околу една десеттина од родовите преживеале до денес. Истовремено родовите кои преживеале до денес претставуваат 56% од сите родови во фосили од балтички килибар (кои се од раниот Олигоцен), а 92% од фосилите од килибар во Доминиканската Република (кои се од раниот Миоцен).[14][19]
Дистрибуција и диверзитет
уредиРегион | Број на видови [20] |
---|---|
Неотропика | 2.162 |
Неарктика | 580 |
Европа | 180 |
Африка | 2.500 |
Азија | 2.080 |
Меланезија | 275 |
Австралија | 985 |
Полинезија | 42 |
Мравки се присутни на секој континент освен Антарктикот, и неколку поголеми острови како Гренланд, Исланд, делови на Полинезија и Хаваи Островите, каде што не се присутни домородни мравки.[21][22] Мравките имаат голем број на еколошки начини на преживување и имаат способност да искористат разновидни видови на храна како директни или индиректни растителнојадни животни, грабливци и лешинари. Повеќето од видовите на мравки се сештојадци. Нивната еколошка доминација е демонстрирана од нивната биолошка маса, проценето е дека мравките составуваат 15-20% (а речиси 25% во тропски предели) од целокупната биолошка маса на копнени животни, надминувајќи ја масата на сите ’рбетници.[7]
Мравки по големина се од 0.75 до 52 мм,[23][24] најголемиот вид бил фосилот Titanomyrma giganteum, на коишто матицата била 6 см долга со должина на крила од 15 см.[25] Мравки се разновидни по боја, но сепак повеќето се црни или црвени, но неколку видови се зелени а некои од тие што се наоѓаат во тропски предели имаат метален сјај. Повеќе од 12.000 видови се досега познати (од проценети 22.000 видови), најголемата разновидност на мравки е присутна кај тропските предели. Таксономски истражувања за да се датира класификацијата и систематиката на мравки. Поради што мравките се релативно лесни да се истражуваат во екосистеми, тие се корисни за дознавање на еколошки промени на нивната средина и за истражување на биоразновидност.[26][27]
Морфологија
уредиМравки се уникантни во нивната морфологија, бидејќи, во спротивност на останатите инсекти, имаат искривени антени, метаплеврални жлезди, а и голема контрола врз нивниот втор абдоменален сегмент со јазлест изглед. Главата, мезозомата и метазомата се три целосно различни сегменти од телото на мравка. Нивната петиола формира тесна половина меѓу нивните мезозоми и е формирана од еден или две јазли.[28]
Исто како други инсекти, мравките имаат егзоскелет, надворешна подлога која функционира како еден вид на оклоп, а функционира исто и како точка за поврзување на мускулите, во спротивност на внатрешните скелети на ’рбетниците. Инсекти немаат бели дробови, кислород, јаглерод диоксид, и други гасови минуваат низ егзоскелетот низ мали вентили што се налик на душник. Инсектите исто немаат крвен систем, наместо него имаат долга тенка цевка на површината на телото (која е наречена дорсална аорта) која функционира како срце и пумпа хемолимфа кон главата, со кое што се одржува циркулацијата на нивните внатрешни течности. Нивниот нервен систем е составен од вентрална нервна линија која минува низ целото тело, со неколку ганглија и гранки до патот кон нивните екстремитети.[29]
Глава
уредиГлавата на мравка има многу сетилни органи. Како и повеќето инсекти, мравки имаат фасетни очи кои се состојат од голем број мали леќи кои се заемно поврзани. Очите на мравките се добри за приметување на движење, но не овозможуваат добра резолуција на слика. Исто имаат 3 мали ocelli (прости очи) на врвот на нивната глава со коишто можат да осетат ниво на светлина и поларизација.[30] Во споредба со ’рбетници, повеќето мравки имаат слаб или просечен вид, а дури некои подземни видови се целосно слепи. Некои други мравки, како австралијанската myrmecia, имаат многу добар вид и можат да ја проценат далечината на предмети во движење во реичиси метар на далечина.[31]
Две антени се зацврстени на главата на мравките, со овие органи тие можат да осетат хемикали, промаја, но и вибрации, истовремено се користат и за да даваат и примаат сигнали преку допир. Главата исто има и две силни вилици, мандибули, со коишто можат да носат храна, да користат предмети, да градат мравјалници, како и за заштита.[29] Кај некои видови има мало џепче во нивната уста каде што чуваат храна за да можат да го пренесат до други мравки или на ларвите.[32]
Мезозомите
уредиИ нозете и крилјата на мравката истовремено се зацврстени за нивната мезозома. Нозете на мравките се искривени, со налик на кука на завршетокот, кое што им овозможува да се качуваат по секакви површини.[33] Единствено плодните мравки, односно матицата и машките единки, имаат крилја. Матицата ги губи своите крилја кога заминува да на направи нов мравјалник, со тоа остануваат видливи траги, кои се вообичаени кај матициите. Кај некои видови, постојат машки единки матица без крилја.[29]
Метазома
уредиМетазомата (стомакот) на мравката содржи важни внатершни органи, вклучувајќи ги тие за репродукција, дишење и за лачење. Кај работниците на повеќето видови, органот за произведување на јајца се користи и како боцка.[29]
Мравката како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „За црните мравки“ – приказна на африканското племе Акамба.[34]
- „Штурецот и мравката“ — басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[35]
- „Мравите нè напаѓаат“ — расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.[36]
- „Мравите на госпоѓата Катја“ (српски: Мрави госпође Катје) — расказ на српскиот писател Мирослав Јосиќ Вишњиќ.[37]
- „Мравкин град“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[38]
- „Штурецот и мравката“ — басна на Лафонтен.[39]
- „Мрави“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[40]
- „Нова басна за штурецот и мравката“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[41]
- „Сказна за еден штурец млад (лично), за едно царство — Мравкинград и слично“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[42]
- „Дете и мравка“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[43]
- „Мравки и зрна“ — песна на Живко Ризовски од 1995 година.[44]
- „Кралот на мравите“ — книга на полскиот поет и писател Збигњев Херберт.[45]
- „Навредени мравки ѕидари“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[46]
- Адам и мравките (англиски: Adam & The Ants) — британска рок-група.[47]
- „Нападот на џиновските мравки“ (англиски: The attack of the giant ants) — песна на американската рок-група Блонди (Blondie) од 1976 година.[48]
Наводи
уреди- ↑ „Hymenoptera name server. Formicidae species count“. Ohio State University. Архивирано од изворникот на 2016-01-27.
- ↑ Agosti D, Johnson NF (2003). Fernández, F. (уред.). La nueva taxonomía de hormigas (PDF). Introducción a las hormigas de la región neotropical. Instituto Humboldt, Bogotá. стр. 45–48. Посетено на 2015-12-13.
- ↑ Fisher BL, Bolton B (26 July 2016). Ants of Africa and Madagascar: A Guide to the Genera. University of California Press. стр. 24. ISBN 9780520290891.
- ↑ 4,0 4,1 Singh R (2006). Elements of Entomology. Rastogi Publications. стр. 284. ISBN 9788171336777.
- ↑ Oster GF, Wilson EO (1978). Caste and ecology in the social insects. Princeton University Press, Princeton. стр. 21–22. ISBN 978-0-691-02361-8.
- ↑ Flannery T (2011). A Natural History of the Planet. Grove/Atlantic, Inc. стр. 79. ISBN 978-0-8021-9560-9.
- ↑ 7,0 7,1 Schultz TR (December 2000). „In search of ant ancestors“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 97 (26): 14028–9. Bibcode:2000PNAS...9714028S. doi:10.1073/pnas.011513798. PMC 34089. PMID 11106367.
- ↑ Hölldobler & Wilson (1990), p. 471
- ↑ Dicke E, Byde A, Cliff D, Layzell P (2004). Ispeert AJ, Murata M, Wakamiya N (уред.). „An ant-inspired technique for storage area network design“. Proceedings of Biologically Inspired Approaches to Advanced Information Technology: First International Workshop, BioADIT 2004 LNCS 3141: 364–379.
- ↑ Hölldobler & Wilson (1990), pp. 619–629
- ↑ 11,0 11,1 Johnson BR, Borowiec ML, Chiu JC, Lee EK, Atallah J, Ward PS (October 2013). „Phylogenomics resolves evolutionary relationships among ants, bees, and wasps“. Current Biology. 23 (20): 2058–62. Bibcode:1996CBio....6.1213A. doi:10.1016/j.cub.2013.08.050. PMID 24094856.
- ↑ Wilson EO, Carpenter FM, Brown WL (September 1967). „The first mesozoic ants“. Science. 157 (3792): 1038–40. Bibcode:1967Sci...157.1038W. doi:10.1126/science.157.3792.1038. PMID 17770424.
- ↑ 13,0 13,1 Moreau CS, Bell CD, Vila R, Archibald SB, Pierce NE (April 2006). „Phylogeny of the ants: diversification in the age of angiosperms“. Science. 312 (5770): 101–4. Bibcode:2006Sci...312..101M. doi:10.1126/science.1124891. PMID 16601190.
- ↑ 14,0 14,1 Grimaldi D, Agosti D (December 2000). „A formicine in New Jersey cretaceous amber (Hymenoptera: formicidae) and early evolution of the ants“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 97 (25): 13678–83. Bibcode:2000PNAS...9713678G. doi:10.1073/pnas.240452097. PMC 17635. PMID 11078527.
- ↑ Wilson EO, Hölldobler B (May 2005). „The rise of the ants: a phylogenetic and ecological explanation“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 102 (21): 7411–4. Bibcode:2005PNAS..102.7411W. doi:10.1073/pnas.0502264102. PMC 1140440. PMID 15899976.
- ↑ LaPolla JS, Dlussky GM, Perrichot V (2013). „Ants and the fossil record“. Annual Review of Entomology. 58: 609–30. doi:10.1146/annurev-ento-120710-100600. PMID 23317048.
- ↑ Rabeling C, Brown JM, Verhaagh M (September 2008). „Newly discovered sister lineage sheds light on early ant evolution“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 105 (39): 14913–14917. Bibcode:2008PNAS..10514913R. doi:10.1073/pnas.0806187105. PMC 2567467. PMID 18794530.
- ↑ Barden P, Grimaldi D (2012). „Rediscovery of the bizarre Cretaceous ant Haidomyrmex Dlussky (Hymenoptera: Formicidae), with two new species“ (PDF). American Museum Novitates. 3755 (3755): 1–16. doi:10.1206/3755.2. hdl:2246/6368.
- ↑ Hölldobler & Wilson (1990), pp. 23–24
- ↑ Hölldobler & Wilson (1990), p. 4
- ↑ Jones, Alice S. „Fantastic ants – Did you know?“. National Geographic Magazine. Архивирано од изворникот 30 July 2008. Посетено на 5 July 2008.
- ↑ Thomas, Philip (2007). „Pest Ants in Hawaii“. Hawaiian Ecosystems at Risk project (HEAR). Посетено на 6 July 2008.
- ↑ Hölldobler & Wilson (1990), p. 589
- ↑ Shattuck SO (1999). Australian ants: their biology and identification. Collingwood, Vic: CSIRO. стр. 149. ISBN 978-0-643-06659-5.
- ↑ Schaal, Stephan (27 January 2006). „Messel“. Encyclopedia of Life Sciences. doi:10.1038/npg.els.0004143. ISBN 978-0-470-01617-6.
- ↑ Agosti D, Majer JD, Alonso JE, Schultz TR, уред. (2000). Ants: Standard methods for measuring and monitoring biodiversity. Smithsonian Institution Press. Посетено на 2015-12-13.
- ↑ Johnson NF (2007). „Hymenoptera name server“. Ohio State University. Архивирано од изворникот на 27 January 2016. Посетено на 6 July 2008.
- ↑ Borror, Triplehorn & Delong (1989), p. 737
- ↑ 29,0 29,1 29,2 29,3 Borror, Triplehorn & Delong (1989), pp. 24–71
- ↑ Fent K, Wehner R (April 1985). „Oceili: a celestial compass in the desert ant cataglyphis“. Science. 228 (4696): 192–4. Bibcode:1985Sci...228..192F. doi:10.1126/science.228.4696.192. PMID 17779641.
- ↑ Eriksson ES (1985). „Attack behaviour and distance perception in the Australian bulldog ant Myrmecia nigriceps“ (PDF). J. Exp. Biol. 119 (1): 115–131.
- ↑ Eisner T, Happ GM (1962). „The infrabuccal pocket of a formicine ant: a social filtration device“. Psyche. 69 (3): 107–116. doi:10.1155/1962/25068. Архивирано од изворникот на 2007-08-08. Посетено на 2020-03-03.
- ↑ Holbrook, Tate. „Ask a Biologist: Face to Face with Ants“. ASU School of Life Sciences. Посетено на 2018-01-23.
- ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 139.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 86.
- ↑ Ephraim Kishon, Kod kuće je najgore – Obiteljske priče, drugo izdanje. Zagreb: Znanje, 1984, стр. 34-36.
- ↑ Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 108-112.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 5.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 22-23.
- ↑ Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 101.
- ↑ Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 56-57.
- ↑ Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 85-97.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 9.
- ↑ Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 23.
- ↑ „Napomena priređivača“, во: Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 283.
- ↑ Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 43.
- ↑ Discogs, Adam And The Ants (пристапено на 4.9.2019)
- ↑ YouTube, Blondie Attack Of The Giant Ants (пристапено на 8.2.2017)
Надворешни врски
уреди„Мравка“ на Ризницата ? |
„Formicidae“ на Викивидовите ? |
- Antweb from The California Academy of Sciences
- AntBlog a website dedicated to the study of ant colonies Архивирано на 19 ноември 2016 г.
- AntBase - a taxonomic database with literature sources
- Ant Genera of the World - distribution maps Архивирано на 22 август 2010 г.
- Discover Life—images, information and links
- BugGuide
- Global Ant Project Архивирано на 12 февруари 2009 г.
- Navajo Ant Project Архивирано на 7 август 2009 г.
- Gakushu Kenkyusha (1979) Ants. Gakken's Photo Encyclopedia Архивирано на 5 декември 2010 г.
- The super-nettles. A dermatologist's guide to ants-in-the-plants
- Australian Ants, A CSIRO guide to their identification and distribution Архивирано на 6 септември 2012 г.