Мутуализам (биологија)

Мутуализам е форма на симбиоза кога и двата организма имаат корист од заедничкото живеење. На пример ензимските активности на бактериите кои живеат во дигестивниот тракт на добитокот, овозможуваат тие да ја разложат тревата. Мешункастите и некои други растенија се колонизирани од бактерии кои формираат мали топчиња на нивните корени. Овие бактерии го врзуваат азотот за коренот. Азот е основен елемент потребен за сите организми. Ваквиот азот растенијата можат да го користат. Кај животните, мутуализам се јавува помеѓу повеќе тревопасни животни и микроорганизмите на системот за варење. Копитари и некои други животни јадат растенија кои содржат целулоза, иако тие немаат ензими способни за разградување на целулозата. Тоа за нив го прават микроорганизмите кои живеат во нив.

Опрашувањето со пеперутки како форма на меѓусебност