Мост на Жепа
Мостот на реката Жепа — мост кој се наоѓа на реката Жепа, во населеното место Жепа во Општина Рогатица во Република Српска во Босна и Херцеговина. Камениот мост датира од Отоманското Царство и нејзината окупација на Босна. На самото устие на реката мостот се наоѓал сè до 1966 година, кога бил демонтиран и реконструиран на друга локација поради изградбата на Хидроелектраната „Баина Башта“. Новата локација се наоѓа на 500 метри од населеното место Жепа, недалеку од објектот Реџеп-пашина кула, која е изградена во исто време со мостот. Мостот е на списокот на национални споменици на Босна и Херцеговина.
Историја
уредиВо старите записи и патописи нема податоци за градителот и времето на изградба на мостот, ниту пак има останато плоча со запис од сличен карактер. Како и за другите споменици од тој период, луѓето создале легенди и преданија. Така, една легенда вели дека, мостот бил изграден од еден ученик на Мимар Синан, градител на мостот во Вишеград. Друга легенда вели дека, тој е дело на везирот Јусуф.[1]
Поврзано
уреди- Мостот на Жепа, расказ.
Наводи
уреди- ↑ „Komisija za očuvanje nacionalnih spomenika“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2017-09-13.
- Комисија/Повјеренства за очување националних споменика Архивирано на 19 септември 2015 г., Босна и Херцеговина
Литература
уреди- (српски) Херман, К.,Гласник Земаљског музеја, 1889.