Моклишки манастир
Моклишки манастир — значаен православен манастир, заштитен од државата кој се наоѓа на околу 5 километри јужно од кавадаречкото село Ваташа по течението на реката Луда Мара.[1] Точни податоци за неговата изградба нема на пишан документ, а се смета дека е изграден помеѓу XV и XVI век, што го потврдува плочата поставена на северната страна на влезот во манастирската црква.
Манастирскиот конак | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Никола“ - Моклиште |
Други имиња | Манастир „Св. Никола“ - Ваташа |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 1321 |
Епархија | Повардарска |
Цркви | „Св. Никола“ |
Место | |
Место | Моклиште, крај Ваташа, Општина Кавадарци, Македонија |
Координати | 41°23′6″N 22°2′13″E / 41.38500° СГШ; 22.03694° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, конак, чешми, имот, шуми |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Ваташка парохија) |
Манастирот располага и со конак на два спрата по четири соби, а на секој спрат има по еден магацин.
Од 24 до 26 август 2012 во манастирот се одржал познатиот Ваташки џез фестивал.[2]
Градби во манастирот
уредиСтарите манастирски конаци биле изградени во XIX век, а подоцна тие се обновени. Во манастирскиот комплекс се наоѓаат: фурна, трпезарија, одаи за престој, други стопански згради и манастирска чешма.[3]
Црква
уредиСпоред написот од црковниот влез, таа е фрескоживописана од Кир Никола од Тимјаник со неговите три сина, а се смета дека исто така е изграден од Кир Никола. Црквата Свети Никола е еднокорабна градба, изградена еден дел од тесан и речен камен. Димензиите се 15 метри во должина и 5,3 метри во ширина. На источната страна, апсидниот дел е издаден околу 1,4 метри. Влезната врата е од северната страна, додека на западниот дел има балкон во кој се влегува преку вратата од јужната страна. Балконот е изграден од камен и има димензии од 5 метри должина и исто толкава ширина. Во манастирската црква има живопис од двата временски периоди и тоа од времето кога таа е подигната, односно од 16-от век и од 1879 година и е живописан на сите четири страни. На јужниот ѕид во првата зона се: Св. Никола, непознат светец, Св. Антониј, Св. Астрал, Св. Онуфриј, Св. Макариј и Св. Кузман и Дамјан. На западниот ѕид, јужно од вратата е Св. Архангел Михаил, на северната страна Св. Константин и Елена, а над влезот е зачуван горниот натпис. Во втората зона се: Патот на Голгота, Св. Евстратиј и Св. Евгениј, а меѓу хаковите се двајца евенгалисти. Во третата зона се насликани сцените: Христос пред Кајафа, Христос пред Пилат, Качувањето на Крстот и Распетие Христово. Во олтарната апсида лево се: Св. Грегорие и Св. Василиј а десно Св. Јован Златоуст и Св. Кирил Александриски. Втората зона го илустрира Причестувањето на апостолите, а над него е Богородица Ширшаја. На јужниот ѕид во олтарот се насликани Св. Спиридон а во нишата е Св. Ѓакон Роман. Во втората зона е Св. Василиј а на лакот е Св. Ахилиј и Св. Герман претставен како убаво момче. Насводот се фреските живописани во 1879 година. Тука е изработена композицијата под наслов: Колежот на Витлеемските деца. Тука е прикажана жена со гол грб и една града откриена. Циклусот почнува со Средбата на Марија и Елисавета, Јосиф и Марија, Рождество Христово, Поклонение на тројцата мудреци и Бегството Мариино во Египет. Во манастирската црква денес се зачувани четири икони кои потекнуваат од 19 век. Тоа се иконите: Св. Богородица со Христос, Исус Христос, Св. Јован Крстител и Св. Никола. Сите икони имаат исти димензии: 82×64×2 сантиметри.
Препишувачка школа
уредиВо еден запис на старословенски јазик од 1716 година се вели: „Овој божествен минеј од Полошкиот манастир го донел Арсениј во Моклишкиот манастир. Беше пусто Полошко во летото 1716 година а го попишав јас грешниот Исаија Полошки. Кој ќе ја земе таа книга од Полошката црква да е проклет и анатема. Кога ќе дојде некој калуѓер од Полошко да ја врати во Полошко. А од раѓањето Христово 1716 година“. Ова докажува дека се водела некаква грижа за прибирање на книгите од запуштените манастири и чување во овој манастир. И благодарение на тоа како и препишувачката активност во овој е создадена огромана манастирска библиотека. За жал, оваа убава колекција на книги со текот на времето била уништена од несовесните и ненародните калуѓери.
Објекти и имот
уредиВо кругот на манастирот има фурна и чешма посветена на Свети Никола. Зад конакот постои уште една постара чешма, која во летото 2008 година е целосно обновена, изграден е пристап со бетонски скали и осум канделабри за осветлување. Манастирот има и воденица која во минатото била користена. Манастирот располага со 600 декари земјиште, повеќе од 100 декари шума и пасишта и од 2004 година има засадено и ново лозје од 12 декари. Во минатото во манастирот се одгледувало и крупен добиток.
Монаштво
уредиМанастирот во минатото бил доста богат, а во него опстојувало и монашко братство кои се грижеле за економијата и за манастирот. Последниот монах во овој манастир, кој се грижел за истиот, бил во 1945 година. Што се однесува до посетеноста на манастирот, помасовна посета се забележува од пред неколку години на празникот Богојавление кога Светиот крст се фрла на браната Моклиште а исто така и на Свети Трифун, денот на лозарите. Манастирската слава на овој манастир е летен Свети Никола, а најголемата посетеност е на празникот Успение на Пресвета Богородица. Манастирот Свети Никола е под раководство на старешината, свештеникот Борче Богоевски со манастирско настојателство кои се грижат за опстанокот на манастирот.
Галерија
уреди-
Помошен објект во манастирот
-
Поглед на манастирската црква
-
Портата на манастирот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Трето издание на ваташкиот џез фестивал“. Денешен Весник. Архивирано од изворникот на 2012-11-03. Посетено на 2013-01-23.
- ↑ „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. Посетено на 13 март 2018.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди„Моклишки манастир“ на Ризницата ? |