Одежда (руски и старословенски: облека) — церемонијална облека на православните свештеници во богослужбата. Исто така, во иста смисла, овој збор го користат и унијатите. Во историски и регионален контекст, овој збор се користел за церемонијална облека на владетели, витези, кралеви, благородници;

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во богослужбена одежда

Во раното христијанство, свештениците носеле облека слична на секојдневната облека, но од скапоцени материјали и ја носеле само за време на богослужбите. Постоеле и одежди налик на старозаветните. Христијанската црква, чувајќи го преданието, во подоцнежните векови не го променила значително обликот на старите одежди.

Црковните одежди се со одредени бои, од кои секоја има посебно значење. Белата е симбол на радост, чистота и просветлување. Црвената боја има значење на крв што ја пролеале Христос и неговите ученици, апостоли, светци и маченици. Зелената боја е симбол на надеж за вечно блаженство, стекнато преку заслугите на Исус Христос и дарот на Светиот Дух. Црната и темноцрвената боја претставуваат каење и тага.

Самите одежди го предупредуваат свештеникот побожно да ја врши богослужбата и го потсетуваат на доблестите со кои треба да се одликува.

Секоја свештена одежда мора да биде осветена од епископ или свештеник. Кога се облекуваат одеждите, се изговараат молитвите пропишани со типик. Одеждите може да се користат само за богослужбени цели. Што се однесува до бојата на црковната облека, на почетокот белата била доминантна боја. Подоцна, во време на пости биле воведени пурпурни или црни одежди, а во текот на годината и црвени, зелени, златна и други во текот на годината. Најчесто се извезени и украсени.

Секој од трите степени на православното свештенство има своја облека.

  • ѓаконски одежди се: стихар (обично бел сличен на грчката облека хитон, кој го покрива целото тело од вратот до долу), нараквици и орар (долга лента што ѓаконот ја носи преку левото рамо и знак на заедничка молитва за време на богослужбата);
  • презвитерски (свештенички) одежди се: стихар, епитрафил (орар чиишто два краја се свиткани нанапред, свештеникот го става околу вратот), појас, нараквици и фелон (наметка без ракави со отвор за навлекување преку главата, се облекува над стихарот) ;

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди