Мангила

село во Костурско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Могила (Костурско))

Мангила (или Монгила; дијалектна носовка на Могила; грчки: Άνω Περιβόλι, Ано Периволи; до 1926 г. Μαγγέλα, Мангела[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костуркиот округ во областа Западна Македонија. Отсекогаш било населено со Македонци и останало такво до денес.[3]

Мангила
Άνω Περιβόλι
Поглед на селото
Поглед на селото
Мангила is located in Грција
Мангила
Мангила
Местоположба во областа
Мангила во рамките на Рупишта (општина)
Мангила
Местоположба на Мангила во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°22.14′N 21°9.51′E / 40.36900° СГШ; 21.15850° ИГД / 40.36900; 21.15850
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&100000000000010100000001.010 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно10
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Биста на андартскиот капетан Леонидас Петропулакис.

Географија

уреди

Селото се наоѓа на 15 км југозападно од градот Костур и на 8 км југозападно од Рупишта. Лежи на десниот брег на реката Галешово во пазувите на планината Одре.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

На крајот од XIX век Мангила било чисто македонско село. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година Мангила има 250 жители Македонци.[4][5]

При задушувањето на Илинденското востание летото 1903 г. селото е изгорено од Турците и убиени се околу 20 селани.[3]

По востанието, на почетокот од 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Истата година турските власти не му допуштиле на учителот Сидер Стерјов од Галишта да отвори народно училиште во селото.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Могила имало 96 Македонци, сите под егзархијата.[4][8] Според Георги Константинов Бистрицки Могила пред Балканската војна има 20 македонски куќи.[4][9]

Во февруари 1905 г. селото е нападнато од грчка андартска чета која ја обиколила црквата за време на богослужбата, го убила свештеникот Тома Василев заедно со уште двајца верници. Убивањето на селаните престанало со појавата на реонската чета на ВМОРО под водство на Кирјак Шкуртов и селската милиција, кои со загуби ги одбиле андартските напади.[10][11][12]

Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, во 1910 г. во Монгила (Μογγίλα) имало 20 македонојазични семејства. Од нив 3 семејства биле прогрчки настроени и посетувале свое училиште и црква.[13]

Во Грција

уреди

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во во 1913 г. е припоено кон Грција. Таа година населението броело 130 жители (броејќи го и соседното Марчишта).[3] Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) пред Првата светска војна Могила имала 20 македонски куќи.[14] Во 1920 г. Мангила е заведена со 86 жители.[3]

Во меѓувоениот период некои жители се преселиле во Бугарија и прекуокеанските земји.[3] Од 1914 до 1919 г. 7 жители на Мангила, а потоа во 1919 г. уште 5 се иселиле во Бугарија по официјален пат.[15]

Во 1926 г. селото е преименувано во Ано Периволи. Селаните оделе на печалба и работеле како мелничари.[3]

Селото силно настрадало во Граѓанската војна (1946-1949). Загинале неколку селани, а 7 семејства и 20 поединци се преселиле во источноевропските земји.[3] По војната, малкуте преостанати жители на соседното Марчишта се преселиле во Мангила, по што тоа село престанало да постои.[16]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 123 80 89 51 43 24 24 19 10
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Занемарен непознатиот параметар |acccess-date= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 32. ISBN 9989-9819-5-7.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
  6. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 125.
  7. Райчевски, Стоян. 1904 – 1906 Гоненията на българите в Македония и Одринско. София, 2011, стр. 34 – 36.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 180–181.
  9. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
  10. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 211.
  11. Шкуртовъ, Кирякъ (1940). „Революционната епоха в Костенарията - 1903 - 1908 год“ (PDF). „Илюстрация Илиндень“. София. XII (4 (114): 10. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  12. Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, мит или реалност, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 61.
  13. Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις «Αυγής Αθηνών», Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 136. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  14. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
  15. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Ano Perivoli Архивирано на 26 јули 2007 г..
  16. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 32. ISBN 9989-9819-5-7.

Надворешни врски

уреди