Младен Груевски (Никифорово, Гостиварско, 1922 - Гостивар, 17 ноември 1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Младен Груевски
Роден 1922
Никифорово, Кралство СХС
Починал Гостивар, Македонија
Народност Македонец

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Од април 1937 година, па се до капитулацијата на стара Југославија (6 април 1941 година), работел како келнер кај приватниот угостител Алекса Смилевски во Белград.[1]

Втора светска војна

уреди
 
Споменик на НОБ во Никифорово, на кој се наоѓа и името на Младен Груевски.

По калитулацијата на стара Југославија, се вратил во село Никифорово. Повремено работел како општ работник на патот Маврови Анови - Влајница. Кон крајот на 1941 година, односно во почетокот на 1942 година, најпрво станал член на воспитна, а потоа и на скоејевска група што ја раководел Чеде Филиповски. Во втората половина на 1942 година, бил примен за член на КПЈ. Како член на КПЈ, покрај задолженијата што ги имал во село Никифорово, тој бил задолжен и за одржување на курирските врски со селата: Маврово, Леуново, Беличица, а во почетокот на 1943 година одржувал врски и со Гостивар. Одржувајќи курирски врски, на 28 мај 1943 година бил издаден од една курирска врска. Притоа, бил уапсен од италијанската карабинерија и спроведен во истражниот затвор во Дебар. По истрагата во Дебар, бил испратен во Тирана - Албанија во политичкиот затвор

„Бург Ири“. Во затворот и пред италијанската полиција, тој имал добро држење. Во затворот бил вклучен во политичкиот живот кој го организирала затворската партиска организација. На 15 септември 1943 година по излегување од затворот, по директива на партијата, заминал во Албанија во партизанскиот одред „Борис Вукмировиќ“, кој бил формиран од политички затвореници. Кога со одредот пристигнал во Македонија, кусо време бил борец во Косовскиот баталјон, а кога се формира Македонско-косовската бригада, тој станал нејзин борец. За кусо време станал заменик командант на баталјон и како таков храбро загинал на 17 ноември 1944 година при ослободувањето на Гостивар.[1]

Една улица во Гостивар, го носи неговото име.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Синадиновски, Јаким; Груевски, Зоге (1976). Трите мавровски села. Скопје: Заедница на научните дејности. стр. 260.
  2. Gostivarpress.mk (2018-04-18). „Граѓаните од три улици во Гостивар попладнево со намален притисок на вода од чешмите | Gostivarpress.mk“. Посетено на 2023-01-01.