Стојан Груевски
Стојан Груевски (Никифорово, Гостиварско, 1919 - Сремски фронт, Независна Држава Хрватска, 1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.[1]
Стојан Груевски | ||
Роден | 1919 година Никифорово, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1945 година Сремски фронт, Хрватска | |
Народност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од многудетно сиромашно печалбарско семејство. Како и неговите браќа, така и тој, веднаш по завршувањето на основното училиште морал да го напушти своето родно село и да замине на печалба. Најмногу останал на печалба во Белград, каде ги запознал сите маки на печапбарскиот живот. Работел речиси по 16-18 часа дневно по разни кафеани како чирак и келнер за ниска плата.[1]
Втора светска војна
уредиОкупацијата го затекнала во Белград, каде што останал се до октомври 1944 година, кога доброволно стапил во V македонски баталјон. Учествувал во пробивањето на Сремскиот фронт каде што храбро загинал.[1]