Мицко Дејанов Станкоски ( 1919 во Свињиште, Кичевско1944 во Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Мицко Станкоски
Роден 1919 година
Свињиште, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал септември, 1944 година
Кичево, Македонија
Националност Македонец

Животопис

уреди

По завршувањето на основното училиште, поради тешките услови за живот, бил принуден да оди на печалба во Белград. По окупацијата, се вратил во своето родно село. Станал член на СКОЈ, а во текот на 1943 година и член на КПМ. Во есента 1943 година доброволно стапил во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата учествувал во повеќе борби низ Кичевско, а потоа заминал за Егејска Македонија во познатиот Февруарски поход. Во борбите на Богомила, се истакнал како доста храбар борец и бил поставен за командир на чета. По враќањето од Егејска Македонија, учествувал во борбите за Дебрца, Локов и Малесијата, но во септември 1944 година, во една борба со балистите, бил смртно погоден кај Соколаната во Кичево.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 119.