Микола Андријович Маркевич или Николај Андреевич Маркевич (украински: Микола Андрійович Маркевич; руски: Николай Андреевич Маркевич; 7 февруари 180421 јуни 1860) — украински историчар, етнограф, фолклорист, поет и композитор од козачко потекло. Неговото главно дело е петтомното „Историја на Малорусија“, објавено во 1842 и 1843 година. Маркевич е роден во селото Дунаец, тогаш во Черниговската губернија во Руската империја, денес во Сумската област во североисточна Украина. Од 1817 до 1820 година учел во Педагошкиот институт во Санкт Петербург, а потоа учел пијано и композиција во Москва. Од 1820 до 1824 година служел како офицер во Руската империјална армија. Маркевич обемно собирал историски материјал за Козаците и украински народни песни. Тој напишал многу дела за народните обичаи и верувања и за кујната во тогашната Малорусија (Украина). Неговите дела повлијаеле и на неговите пријатели Александар Пушкин и Виљгељм Кјухелбекер, како и на Николај Гогољ.[1] Маркевич починал во селото Туровка, тогаш во Полтавската губернија во Руската империја, денес во Киевската област во северна Украина.[2]

Портрет на Маркевич

Наводи

уреди
  1. Karpuk, Paul A. (1997). „Gogol's Research on Ukrainian Customs for the Dikan'ka Tales“. The Russian Review. 56 (2): 209–232. doi:10.2307/131656. ISSN 0036-0341. JSTOR 131656.
  2. Ohloblyn, Oleksander. „Markevych, Mykola“. Encyclopedia of Ukraine. Посетено на 8 May 2020.