Голема риба (филм)
„Голема риба“ (англиски: Big Fish) — американски филм од 2003 година, во режија на Тим Бартон. Главните улоги ги играат: Јуан Мекгрегор, Алберт Фини и Џесика Ланг.
Содржина
уредиЕдвард Блум отсекогаш бил раскажувач на драматични приказни за својот живот во младоста, кога неговата страст за патување го одвела од еден мал град во Алабама во разни места ширум светот и пак назад. Со своите чудни приказни за џинови, сијамски близначки-пејачки, вештерки, бури, тој успева шармира секого што ќе го сретне, освен својот отуѓен син, Вил. Кога мајката на Вил, Сандра, ќе се обиде да ги зближи, Вил ќе мора да научи да ги раздвои реалноста и фантазијата, особено кога станува збор за доживувањата на неговиот татко.[1] [2] [3]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Матична страница
- Голема риба на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Голема риба на Box Office Mojo