Фарадеева константа
Фарадеева константа, симбол F – константа во физиката и хемијата која ја претставува величината на електричен полнеж на мол електрони.[1] Името го добила по Мајкл Фарадеј, а нејзината прифатена вредност е:
F = 96 485,3383(83) C mol−1
Фарадеевата константа има прост однос со две други физички константи:
каде
e ≈ 1,60217662 ×10−19 кулони
NA ≈ 6,02214086 ×1023 mol−1
NA е Авогадрова константа (односот на бројот на честички, N, кој нема единица мерка, со количината супстанција, n, во молови), и e е елементарен полнеж или величина на полнежот на еден електрон.
Фарадеевата константа често се користи во електролизата. Количината полнеж во кулони може да се подели со Фарадеевата константа за да се најде количината (во молови) на елементот кој бил оксидиран.
Вредноста на F прво биле одредена со мерење на тежината на количината сребро наталожено при електрохемиска реакција при која биле мерени електричната струја која поминува, времето во кое поминува и користејќи ги Фарадеевите закон за електролиза.[2] Истражувањата продолжуваат за изнаоѓање на посигурни начини за определување на поврзаните константи F, NA и e.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Терминот „величина“ се користи во смисла на „апсолутна вредност“: полнежот на електрон е негативен, но „F“ е дефиниран да е позитивен.
- ↑ NIST Introduction to physical constants
Надворешни врски
уреди- (англиски) National Institute of Standards and Technology, Faraday constant F, CODATA, 2010
- (англиски) NIST, Introduction to the constants for nonexperts
- (англиски) Bower, V.E. ; Davis, R.S. ; Murphy, T.J. ; Paulsen, P.J. ; Gramlich, J.W. ; Powell, L.J., Recalculation of the Faraday Constant Due to a New Value for the Atomic Weight of Silver, National Institute of Standards and Technology, Washington, DC 20234, 16 septembre 1981