Хофбург
Палатата Хофбург е палата сместена во Виена, Австрија, која била дом на најмоќните луѓе во историјата на Австрија, вклучувајќи ја и Хабсбуршката династија, владетели на големото Австроунгарско царство. Моментално служи како официјална резиденција на австрискиот претседател. Хофбург била палатата во која Хабсбурговците престојувале во текот на зимата, додека Шенбрун е палатата која ја претпочитале за престој во летото.
Хофбург | |
---|---|
Секцијата Neue Burg на Хофбург, гледана од Хелденплац. | |
Општи податоци | |
Место | Виена, Австрија |
Координати | 48°12′23″N 16°21′55″E / 48.20639° СГШ; 16.36528° ИГД |
Областа на палатата Хофбург е документирана како седиште на владата од 1279 година, за време на владеењето на неколку царства и републики.[1]
Дворецот Хофбург бил прошируван нив векови со цел денеска да е составен од: неколку резиденции, капела, музеи, империјална библиотека, национален театар, школо за јавање коњи, коњска штала, како и конгрес центарот на Хофбург.
Неколку архитекти работеле на проширавањето на палата, едни од најпознатите се италијанскиот архитект-инженер Филиберто Лучезе, Лодовико Бурначини и Мартино и Доменико Карлоне. Исто така на него работеле и барокните архитекти Лукас вон Хилденбрадт и Јосеф Емануел Фишер вон Ерлакх, Јохан Фишер вон Ерлакх и други.
Во зданието е сместен и огранок на познатиот Уметничкоисториски музеј.
Наводи
уреди- ↑ "Hofburg, Wien" (history), Encyclopedia of Austria, Aeiou Project, 2006, webpage: Aeiou-Hofburg-English Архивирано на 15 февруари 2009 г..
Надворешни врски
уреди„Хофбург“ на Ризницата ? |
- Поглен на Google мапите Архивирано на 22 февруари 2008 г. - вклучува и кратко видео.
- Мрежно место на Хофбург, Виена
- Мрежно место виенскиот Хофбуршки оркестар
- Информации и фотографии
- Различни секции и музеи на Хофбург
- Виртуелна тура низ дворецот Архивирано на 3 март 2016 г.