Бугарска академија на науките
Бугарската академиjа на науките (бугарски: Българска академия на науките, скратено БАН) е автономна државна организациjа за научни истражувања во Бугарија.
Историjа
уредиБугарската академија на науките е формирана како "Бугарско книжевно друштво" (БКД) во градот Браила во Романија на 26-30 септември 1869 година.[1] По создавањето на Кнежевство Бугарија во 1878 БКД се преместува во новата бугарска метропола Софија, а на 6 март 1911 го менува името на денешното "Бугарска академија на науките".[1] Во периодот 1925-1929 е изградена денешната централна зграда на академиjата, која се наоѓа до Народното собрание на Бугарија и катедралата Храм-споменик Свети Александар Невски. Меѓу наjистакнатите членови на БАН биле Кузман Шапкарев, Ефрем Каранов, Иван Снегаров, Теодосиј Гологанов, Иван Георгов, Љубомир Милетич, Благоj Шклифов. Во 2006 година БАН вклучувала 86 научни институти и централна администрациjа со општ број на вработените околу 8 400 луѓе.
Научни центри
уредиВо рамките на БАН функционираат следните институти:
Математички науки
- Институт за математика и информатика
- Институт за механика
- Институт за паралелна обработка на информацијата (поранешен ЦЛПОИ)
- Национална лабораториjа за компјутерска вирусологиjа
Физички науки
- Институт за јадрени истражувања и јадрена енергетика
- Институт за физика на тврдото тело
- Институт за електроника
- Институт за астрономија
- Централна лабораториjа за сончева енергиjа и нови енергетски извори
- Централна лабораториjа за приложна физика - Пловдив
- Централна лабораториjа за оптичен запис и обработка на информација
Хемиски науки
- Институт за општа и неорганска хемија
- Институт за органска химиjа со Центар за фитохемиjа
- Институт за физо-хемиjа
- Институт за катализи
- Институт за електрохемиjа и енергетски системи (поранешен ЦЛЕХИТ)
- Институт за инженерска хемиjа
- Централна лабораториjа за фотопроцеси
- Институт за полимери
Биолошки науки
- Институт за молекуларна биологиjа
- Институт за генетика
- Институт за невро-биологиjа
- Институт за физиологија на растениjата
- Институт за микробиологиjа
- Институт за ботаника
- Институт за зоологиjа
- Институт за експериментална морфологиjа и антропологиjа (со музеј)
- Институт за шуми
- Институт за експериментална патологиjа и паразитологиjа
- Институт за биологиjа и имунологиjа на размножувањето
- Институт за биофизика
- Национален природонаучен музеj
- Централна лабораториjа за биомедицинско инженерство
- Централна лабораториjа за општа екологиjа
Науки за Земjата
- Геолошки институт
- Гео-физички институт
- Национален институт за метеорологиjа и хидрологиjа
- Централна лабораториjа за виша геодезиjа
- Централна лабораториjа за минералогија и кристалографиjа
- Институт за океанологија
- Географски институт
- Институт за вселенски истражувања
- Централна лабораторија за сончево-земиjни дејства
- Централна лабораториjа за сеизмичка механика и сеизмичко инженерство
- Институт за водни проблеми
Инженерни науки
- Институт за мателство
- Централна лабораториjа за физико-хемичка механика
- Институт за компjутерски и комуникациски системи
- Институт за информатички технологии
- Институт за управување и системски истражувања
- Централна лабораториjа по мехатроника и приборо-градење
- Институт за хидро и аеродинамика
Хуманитарни науки
- Институт за бугарски јазик
- Институт за литература
- Институт за историjа
- Институт за тракологиjа
- Национален археолошки институт со музеj
- Институт за балканистика
- Етнографски институт со музеj
- Институт за уметност
- Институт за фолклор
- Кирило-Методиевски научен центар
- Центар за архитектура
Општествени науки
- Институт за социологиjа
- Институт за правни науки
- Економски институт
- Центар за наука и историjа на науката
- Институт за психологиjа
- Центар за истражување на населението
- Институт за филозофски истражувања
Академиjата исто така поседува сопствена издавачка куќа - Академска издавачка куќа "Проф. Марин Дринов" Архивирано на 21 јуни 2019 г..
Извори
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Официjална страница на БАН, дел Историjа на БАН“. Архивирано од изворникот на 2008-03-22. Посетено на 2008-10-15.
Надворешни врски
уреди- Официjална страница на БАН
- Историjа на БАН на Официjалната страница на БАН Архивирано на 22 март 2008 г.