Марбах на Некар (гер. Marbach am Neckar) — град на реката Некар во сојузната покраина Баден-Виртемберг, Германија. Населението брои 15.000 жители.[2] Најблиски поголеми градови се Лудвигсбург и Штутгарт (околу 25 км).

Марбах на Некар
Родната куќа на Шилер
Родната куќа на Шилер
Родната куќа на Шилер
Грб на Марбах на Некар
Марбах на Некар во рамките на Германија
Марбах на Некар
Управа
Земја Германија
Покраина Баден-Виртемберг
Адм. подрач. Штутгарт
Округ Лудвигсбург
Градоначалник Херберт Печ
Основни податоци
Површина 18,06 км2
Надм. височина 224 м
Население 15.477 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 857 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LB
Пошт. бр. 71672
Повик. бр. 07144
Портал www.Schillerstadt-Marbach.de
Координати 48°56′N 9°15′E / 48.933° СГШ; 9.250° ИГД / 48.933; 9.250

Градот е познат и како родно место на класичниот поет и драмски писател, Фридрих Шилер (1759-1805). Иако авторот се отселил уште во детството, во негова чест е отворен Националниот музеј и архив на германската книжевност „Шилер“ (Schiller-Nationalmuseum und Deutsches Literaturarchiv), еден од најголемите вакви архиви во земјата.

Стариот дел на градот е мошне живописен и полн со цркви и куќи од историско значење, вклучувајќи ја родната куќа на Шилер.

Покрај тоа, во градот се наоѓа и Книжевниот музеј на модерната — добитник на Стерлинговата награда за архитектура.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Општини во Германија по површина, население и поштенски број на 30 септември 2016 г.“. Сојузна статистичка служба на Германија. 2016. (германски)
  2. Население и вработеност Архивирано на 1 мај 2013 г. - Статистичка служба на Баден-Виртемберг (германски)

Надворешни врски

уреди
 
Панорама на градот од другата страна на реката Некар.