Манчу Матак (влашки: Manchu Matak; Крушево, 1920 - Витолиште, Мариовско, 25 мај 1944) — македонски комунист од влашко потекло и учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија.[1]

Манчу Матак
Роден 1920
Крушево, Кралство СХС
(денес Македонија)
Починал 25 мај 1944
Витолиште, Мариово
Националност Влав
Биста на Манчу Матак во Крушево

Животопис

уреди

Манчу е роден во 1920 година во влашко семејство во Крушево. По професија бил шијач. Станал член на КПЈ во 1939 година, а во 1940 година заминал на отслужување на воениот рок во Белград.[2]

Учество во НОБ

уреди

Во Априлската војна во 1941 бил заробен како војник на Кралството Југославија, но успеал да избега и се вратил во Крушево.[3] Како член на Месниот комитет на КПЈ во Крушево од крајот на 1941, поради учество во штрајкот на монополските работници, бил уапсен и лежел во затвор од април до јуни 1942 година.[4] Бил секретар на Организацијата на КП во Крушевскиот партизански одред „Питу Гули“, а по неговото расформирање кон крајот на 1942 се илегализирал во Крушево. Потоа се префрлил во Гостивар и стапил во партизанскиот одред „Кораб“ во пролетта 1943 година. Во борба со балистите бил заробен и спроведен во Тиранскиот затвор. По капитулацијата на Италија на 8 септември 1943 станал командир на Прилепската чета во Првата македонско-косовска бригада, а потоа во Единаесеттата македонска бригада.[5] Загинал при напад на бункер на германските сили кај селото Витолиште, Мариовско. При нападот на партизаните, како командир на втората чета на Прилепскиот баталјон, бил погоден од снајперски куршум.[6]

Наследство

уреди

Манчу Матак бил рогласен е за народен херој на Југославија на 20 декември 1951 година.[7][8] Во негова чест училиштето во Кривогаштани го носи неговото име. Една песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година, со наслов „Духот на борецот“, е посветена на Манчу Матак.[9]

Наводи

уреди
  1. Наум Наумовски, „Народниот херој Манчу Матак“ во „Бригада на братството и единството“, Скопје, 1958, 421–423
  2. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 211
  3. Манчу Матак, „Бригада на братството и единството“, Скопје, 1958, 460.
  4. Златко Билјановски, Одредот „Питу Гули“, Скопје, 1973.
  5. Манчу Матак, „Втората македонска ударна бригада“, Скопје, 1973, 160–161
  6. Љубен Георгиевски – Љупта „Македонски Чапаев: монографија за народниот херој Илија Игески – Цветан“, Скопје, 2005, 123.
  7. Златко Билјановски, Манчу Матак, Скопје, 1975.
  8. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 215.
  9. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 44.