Крушевски партизански одред „Питу Гули“
Крушевски партизански одред „Питу Гули“ е партизанска единица во Македонија која зела учество во НОБ.
Крушевски партизански одред „Питу Гули“ | |
---|---|
Активна | 16 април 1942 - околу 17 ноември 1942 |
Битки | НОБ |
Команданти | |
Истакнати команданти | Мише Ефтимов - Петре |
Формирање на одредот
уредиОдредот официјално бил формиран на 16 април 1942 година,[1] на местото викано Грујова нива, на планината Осој. На формирањето на одредот присуствувале и членовите на Покраинскиот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија, Трајко Бошкоски - Тарцан, Киро Крстески - Платник и Трајан Белев-Гоце, како и членовите на партиската организација од Пуста Река, Злате Билјановски и членот на Воениот штаб, Илија Стојковски. Одредот дефинитивно е формиран со предавањето на црвено знаме со петокрака и натпис „Питу Гули“.
Тогаш било именувано и раководството на одредот:
- командант Мише Ефтимов - Петре
- политички комесар Наум Наумовски - Борче
- интендант Јани Туфа
- секретар на партиската организација во одредот Манчу Матак
Веднаш целиот одред положил свечена заклетва. Од времето на формирањето па до првата акција, односно нападот на село Прибилци, одредот преживеал извесна криза, поради што долго време останал во близина на Крушево, односно во манастирот „Свети Спас“.
На 30 септември Божин Мицев и Панде Николов од селото Зашле се изведени пред народниот суд на одредот, биле осудени на смрт како шпиони и предавници, а потоа биле и погубени.[2]
Предавството на Јани Туфа
уредиЈани Туфа, кој бил член на КПЈ уште од 1937 година, не бил задоволен со доделената должност да биде интендант на одредот (да ја снабдува војската со храна, облека и други потреби), бидејќи порано извршувал поголеми должности. Тој изјавил дека не сака да остане во одредот поради болест и сака до оди во Крушево, каде ќе работи во позадина. Штабот на одредот и поголемиот број на борци биле против тоа, но сепак одобриле Јани Туфа да оди во Крушево и да живее во строга илегалност.
Меѓутоа, Туфа наместо илегално да влезе во градот, се среќава со секретарот на бугарската општина во Крушево, Карапанчев, и нуди соработка на полицијата во борба против одредот. Тој на бугарската полиција ѝ ги дал сите податоци за одредот: бројност и состав, теренот на кој се движи, дејствата и врските на народот со одредот. Покрај тоа, Туфа ги соопштил и имињата и составот на Месниот комитет, Воениот комитет и сите партиски и скоевски ќелии во Крушево и селата. После тоа, настанала голема рација и апсења, кога се уапсени околу 60 членови на Партијата и припадници на народноослободителната борба. Окупаторот одржал судење и изрекол ригорозни казни. Две лица биле осудени на смрт со бесење, што било извршено во текот на ноември 1942, а 14 лица биле осудени на смрт во отсуство (бидејќи се наоѓале во одредот), а останатите биле осудени на робија од една до дваесет години. Предавството на Јани Туфа задало тежок удар на народноослободителното движење во Крушевско.
Приклучување на нови борци
уредиНападот на село Прибилци
уредиНападот на рудникот Цер
уредиКон почетокот на месец септември 1942 година, била донесена одлука за напад на рудникот за манган „Небојша“ кај селото Цер. Главната ударна група требало да ги минира рудничките јами и инсталации за довод на воздух во јамите, а таа група ја сочинувале: Мише Ефтимовски, Наум Наумовски и Манчу Матак.[3]
Нападот започнал во попладневните часови на 9 септември 1942 година. Непријателските стражи не дале отпор кога биле разоружани, како и службениците во административната зграда. Јоше Вијачовски од селото Пуста Река, тогаш стражар во Рудникот, со целата бојна опрема се шриклучил на Одредот, и веднаш зел учество во акцијата. Во рудничкиот магацин биле откриени големи количества на храна, кои континуирано до наредниот ден борците на Одредот ги пренесувале на околу километар од Рудникот. Меѓу другото биле запленети: 1000 килограми брашно, 50 килограми ориз, 50 килограми шеќер, 300 килограми грав, 120 литри масло, 5 канти бензин, 20 килограми леќа, 5 килограми црвен пипер, една канта свинска маст, 4 бојни пушки со 200 куршуми, рачна аптека со големо количество санитетски материјал и друго.
По пат од кај селото Цер, околу пладне другиот ден наишле на бигарска единица, која вршела рутинска обиколка на Рудникот. Започнала престрелка, но бугарската бојска за 15 минути го напуштила местото и се повлекла кон селото Цер. Не поминало ни еден час, а на небото кружел непријателски авион, и затоа борците ја напуштиле оваа област и се повлекле во базите меѓу планините Стрмол и Козјак.[3]
Нападот на село Кочиште
уредиНа 24 септември 1942 година, штабот на одредот донел одлука да се нападне селото Кочишта и да се ликвидираат контрачетниците во селото на чело со Јон Костадиновски - Тусако, кој бил еден од најимотните во селото.[4]
Ноќта спроти нападот, Одредот се наоѓал во реонот меѓу селата Пуста Река и Зашле, и пристигнал во месноста Беланово. По неколку часа одмор, одредот го направил планот за напад.
Точно во 16 часот започнала акцијата, и двете ударни групи навлегле во селото. Првата група се упатила кон куќата на Јон Костадиновски, кој во моментот го вршел житото во дворот. Партизаните не го познавале, па го прашале каде е Јон, на што Јон одговорил дека е внатре во куќата. Партизаните влегле во куќата, а Јон се задал во бегство. Започнала општа пукотница низ селото. Борбата траела до 19:30 часот, кога селаните и контрачетниците се скриле во скривници, и селото личело на пусто. Партизаните го напуштиле селото, а претходно кај селската црква, единстевниот заробен четник, Јордан Силјаноски од село Долно Дивјаци, доселен во село Кочишта во дваесеттите години, бил осуден на смрт по кратка постапка и бил стрелан.[4]
Наводи
уреди- ↑ NOB Makedonije (српски). Скопје: Народна задруга. 1964. стр. 62.
- ↑ „Зборник докумената и података o Народноослободилачком рату југословенских народа“, том VII, књига 1, Београд, 1952.
- ↑ 3,0 3,1 Во пламенот на вториот Илинден. Демир Хисар: Општински одбор на Сојуз на здруженија на борците во НОВМ од Демир Хисар. 1988. стр. 115–117. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 4,0 4,1 Во пламенот на вториот Илинден. Демир Хисар: Општински одбор на Сојуз на здруженија на борците во НОВМ од Демир Хисар. 1988. стр. 117–118. На
|first=
му недостасува|last=
(help)
Литература
уреди- Злате Билјановски „Одредот Питу Гули“ (1973, 1990)