Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Макеш

црква во Макеш, Серско

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Макеш, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Успение на Пресвета Богородица
Κοιμήσεως της Θεοτόκου
Карта
41°0′29.8″N 23°22′8.1″E / 41.008278° СГШ; 23.368917° ИГД / 41.008278; 23.368917
МестоМакеш, Нигритско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1929
Управа
Архијерејско намесништвоНигритско
ЕпархијаСерско-нигритска

Црквата се наоѓа во центарот на селото. Изградена е во 1929 г. Настрадала во земјотресот од 1978 г. и обновена е следната 1979 г. Претставува базилика без купола со повисок среден кораб.[1]

Во парохијата влегуваат и храмовите „Сретение Господово“ од 1800 г. и „Св. Трифун“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Κοιμήσεως της Θεοτόκου Αηδονοχωρίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 18 октомври 2019.