Махмутли

село во Нигритско, Егејска Македонија

Махмутли или Махмуџи (грчки: Τριανταφυλλιά, Триандафилија; до 1927 г. Μαχμουτζή, Махмуѕи или Μαχμουτλή, Махмутли[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]

Махмутли
Τριανταφυλλιά
Махмутли is located in Грција
Махмутли
Махмутли
Местоположба во областа
Махмутли во рамките на Визалтија (општина)
Махмутли
Местоположба на Махмутли во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°59.3′N 23°20.52′E / 40.9883° СГШ; 23.34200° ИГД / 40.9883; 23.34200
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаВизалтија
Надм. вис.&10000000000000160000000160 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно431
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во Серското Поле на околу 6 км западно од Димитрич и југозападно од Сер.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX и почетокот на на XX век Махмутли било село во Серската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Мархмутли имало 240 жители, сите Турци.[4]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 264 жители, а во 1920 г. опаднало на 114 лица.[3] Во 1923 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Махмутли е претставено како наполно дојденско село со 204 жители (62 домаќинства).[5]

Во 1939-1957 г. е изградена црквата „Рождество на пресв. Богородица“.[6]

Месности во Махмутли преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Череш[7] Τσέρες Промахос Πρόμαχος[8] возвишение на Богданска Планина на ЈЈЗ од Махмутли (463,6 м)[7]
Макмара[9] Μακμαρά Рема Родополеос Ρέμα Ροδοπόλεως[8] река на ЈЗ од Махмутли[9]
Кара Бунар[7] Καρά Μπουνάρ Маври Вриси Μαύρη Βρύση[8] месност на Богданска Планина на З од Махмутли[7]
Порој[7] Πορόϊ Дјаволорема Διαβολόρεμα[8] река на С од Махмутли[7]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 963 702 431
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Опшествени установи

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 237. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 178. ISBN 954430424X.
  5. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  6. „Ιερός Ναός Γεννήσεως τῆς Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 26 октомври 2019.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1042. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  9. 9,0 9,1 Nigríta GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.