Македонско-турски односи
Македонија |
Турција |
---|
Историја
уредиПоради историското и културно минато, Република Македонија и Турција имаат многу блиски и пријателски односи.[1] Набргу, откако Македонија прогласила независност од поранешна Југославија на 8 септември 1991 година, Турција како една од првите земји кое го направила тоа, ја признала независноста на Македонија под нејзиното уставно име -Република Македонија [1], како една од 130 земји во светот.[2] Билатерални односи биле воспоставени на 26 август 1992 година.[3] Македонија има отворено амбасада во Анкара и генерален конзулат во Истанбул, додека Турција има отворено амбасада во Скопје, како и генерален конзулат во Битола. Исто така турскиот јазик е коофицијален јазик во две Општини во Република Македонија, во Центар Жупа и Пласница, покрај македонскиот. Турција и Македонија исто така имаат добри економски односи. Има неколку турски компании во Македонија, како Тав (која го има изградено Аеродромот Александар Велики) и Сисекам.
Евро-аталантски аспирации
уредиДвете земји се кандидти за членство во Европската унија[4]. Турција е силен поддржувач на Македонија за членство во НАТО, која кон пактот се приклучила во 1952 година.
Македонски државјани од турско потекло
уредиВо Македонија живеат 77.959 луѓе од турска националност, што е вкупно 3,85% од целото население на земјата.[5] Турците имаат политичка партија во Македонија, наречена Демократска партија на Турците во Македонија.
Соработка во областа на културата
уредиСоработката во областа на културата помеѓу Македонија и Турција датира од 1995 година, кога била воспоставена со меѓународен договор.
На 22 април 2009 година во Истанбул, на министрите за култура на двете земји потпишале нова програма за соработка во областа на културата за периодот меѓу 2009 и 2011 година. Според програмата, двете земји ќе ја интензивираат соработката во различни сегменти на културата и уметноста. Покрај тоа, земјите-членки ќе ги промовираат Културно-информациските центри - Македонија и Турција во Истанбул во Скопје. По тој повод, македонскиот министер, исто така, најавил дека македонската Влада одлучила да ја обнови куќата на родителите на Мустафа Кемал Ататурк, која се наоѓа во селото Коџаџик во близина на Дебар.[6] Турските власти дозволиле на македонските археолози да направат копија на Александарскиот саркофаг по кое ќе биде изложен во Музејот на Македонија [7].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Republic of Turkey - Ministry of Foreign Affairs (англиски)
- ↑ Government of the Republic of Macedonia Архивирано на 3 август 2009 г. (англиски)
- ↑ Republic of Macedonia - Ministry of Foreign Affairs (англиски)
- ↑ European Union Portal Архивирано на 18 мај 2011 г. (англиски)
- ↑ Republic of Macedonia - State Statistical Office (англиски) (македонски)
- ↑ Влада на Република Македонија Архивирано на 13 април 2017 г. (македонски)
- ↑ „Статија во „Дневник"“. Архивирано од изворникот на 2012-02-13. Посетено на 2009-10-22.