Александарски саркофаг

Александарски саркофаг — камен саркофаг од IV век п.н.е. украсен со барелјефни резби со Александар Македонски. Откриен е во некропола близу Сидон, Либан во 1887, и денес е изложен во Археолошки музеј во Истанбул. Најпрво се сметало дека саркофагот му припаѓал на Абдалоним, кралот на Сидон назначен од Александар, но некои стручњаци сега сметаат дека ова е саркофаг на Мазеј, персиски благородник, управител на Вавилон.

Александарскиот саркофаг
Детаљ од реконструкцијата на обоениот мермер

Саркофагот е направен од полихромен (обоен) пентелски мермер во облик на македонски храм. Резбите на едната долга страна го прикажуваат Александар во борба против персијците во Битката кај Ис. Александар е прикажан на коњ, со капа лавовска глава, подготвувајќи се да фрли копје на персиската коњица. Некои стручњаци сметаат дека вториот македонски коњаник близу средината е Хефестион, побратимот на Александар. Третиот македонски коњаник се смета дека е Пердика. На другата долга страна Александар и Македонците ловат лавови заедно со Абдалоним и персијците. Едната кратка страна содржи сцена со Абдалоним како лови пантер. Фронтонот над тоа е изрезбан со Абдалоним во битка. Другата кратка страна ја прикажува Битката кај Газа, а фронтонот над тоа го прикажува убиството на Пердика.

Копија во Скопје

уреди

Археолошкиот музеј на Македонија има точна копија на овој важен артефакт од историјата на Македонија, направена со помош на музејските колеги од Турција и претставува главна атракција во музејот.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди