Глаголска придавка во македонскиот јазик

Глаголска придавка — дел од групата прости глаголски форми со кои функционира македонскиот јазик. Овие зборови се придавки кои ги имаат истите одлики како обичните придавки, но за разлика од нив овие се добиени од глаголи. Исто така, тие можат да функционираат и како обични глаголи. Карактеристична особина за македонскиот глаголски систем е тоа што глаголската придавка може да се создаде од преодни и од непреодни глаголи.

Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Образување

уреди

Формите на глаголската придавка се образуваат со наставките: , -на, -ни и , -та, -то, -ти. Со наставката се образуваат глаголски придавки од глаголите со општ дел на н и се додаваат на основните самогласки а и е.

пр. викне - викнат, легне - легнат, падне - паднат. [1].

Освен глаголите од а-група, основната самогласка а е застапен и кај некои глаголи од е-група, како на пример скине - скинат, и од и-група како на пример задржи - задржан. Покрај тоа, основната самогласка е го имаат и и глаголите од е-група и и-група.[1]

Од некои глаголи се образуваат по две глаголски придавки, како на пример: дере - дерен и дран, бере - берен и бран или пере- перен и пран. Со двојните форми обично се изкажува разлика во опфатеноста на дејството или признакот.[1]

Особини

уреди

Глаголската придавка има одлики и на глагол и придавка. Во промената се однесува како придавка и има форми за трите рода, дават броја и се членува, а според значењето и службата некогаш е поблиску до глаголот, а некогаш до придавката[1].

Во конструкции со помошните глаголи сум и има, глаголската придавка има глаголско значење:

  • Поканети сме на гости.
  • Бевме присутни на отворањето на изложбата.
  • Баба ми има кажувано за тоа.

Ако глаголската придавка оди како определба на некоја именка, односно во атрибутска служба, таа има придавно значење (пр. развиорено знаме), а употребена самостојно таа може да се поименичи т.е. да стане именка како на пример во реченицата Минатото не може да се избрише.[1]

Во македонскиот јазик глаголските придавки се образуваат не само од преодните глаголи (викан, креп) туку и до непреодниоте глаголи (дојден, станат). Ова е една од покарактеристичните особини на македонскиот глаголски систем.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 123 / 124. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди