Глаголска именка во македонскиот јазик

Како дел од простите глаголски форми во македонскиот јазик се јавува и глаголската именка. Глаголската форма во македонскиот јазик е форма во која се вкрстува глаголот и именката.

Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Особености

уреди

Глаголската именка се образува од несвршени глаголи со наставката -ње. Оваа наставка се додава на основната самогласка а кај глаголи од а-глаголска група или на основната самогласка е на глаголи од е-глаголска група и и-глаголска група. Така имаме: гледа - гледање, вика - викање, мие - миење, коси - косење и слично. Покрај ова општо правило, поретко има и образување на глаголски именки со додавање на наставката -ние, најчесто од свршени глаголи. Така имаме: воспитува - воспитание, решава - решение и слично[1].

Глаголската именка е форма во која се вкрстува глаголот и именката, што значи во самата форма има делови и од глагол и именка. Во промената таа се однесува како именка, таа е во среден род, има еднина и множина, се членува, а се изведува од глаголска основа и најчесто значи име на дејство од најопшт вид, без укажување на неговиот вршител[1].

Исто така, глаголската именка може да означува и предмет, како на пример: Масата беше полна со јадење и пиење. Во ваков случај, овие две глаголски именки означуваат храна, т.е. пијалак[1].

Кога глаголската именка се употребува со прилог, таа заменува некоја зависна реченица или одделна глаголска форма, како во примерот: Го фатиле на спиење, што означува го фатиле додека спиел[1].

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 124 / 125. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди