Сум-конструкција
Сум-конструкција — една од сложените глаголски форми на македонскиот јазик. Таа се формира со помош на помошниот глагол сум и со глаголска придавка. Сум-конструкциите се користат како паралелни форми со временските и начинските глаголски форми на македонскиот јазик[1].
Образување
уредиСум-конструкциите се образуваат со помош на помошниот глагол сум во соодветната форма и со глаголска придавка од преоден или непреоден глагол. Според тоа, имаме: сум дојден, бев дојден, ќе сум дојден, ќе бев дојден, ќе сум бил дојден и слично. Од сите примери, најчесто се употребуваат првите две[1].
Употреба
уредиСум-конструкциите, како и има-конструкциите, се употребуваат како паралелни форми со временските и начинските, посебно кога глаголската придавка е изведена од непреоден глагол. Според тоа имаме: не знам дали се дојдени = не знам дали дошле или ќе бев присутен на состанокот ако ме поканевте = ќе присуствував на состанокот ако ме поканевте[1].
Значењето на сум-констрикциите најчесто е резултат од вршењето на дејството или состојбата, која исто така произлегува од некакво претходно дејство. Овие констрикции стојат на граница помеѓу морфологијата и синтаксата, затоа што можат да претставуваат или една сложена временска форма или една синтактичка конструкција или именски прирок[1].
Наводи
уредиПоврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Македонска граматика од Виктор Фридман. (англиски)
- Граматика на македонскиот литературен јазик Архивирано на 30 јуни 2017 г. од Хорас Лант. (англиски)
- Македонска граматика Архивирано на 24 септември 2011 г. од Круме Кепески. (македонски)
Оваа статија за македонскиот јазик е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |