Идно време во македонскиот јазик

Идно време — едно од сложените глаголски форми на македонскиот јазик и едно од неколкуте идни глаголски форми. Идното време во македонскиот јазик се користи за искажување на идно дејство, но исто така може да се искаже некое минато или сегашно дејство. Идното дејство во македонскиот јазик се образува со помош на честичката ќе и глаголот што се менува.

Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Образување

уреди

Индото време во македонскиот јазик се образува со честичката ќе и со глаголот што се менува, каде честичката е пред глаголот. Глаголот ги зема соодветните форми од сегашното време[1].

игра носи везе
Јас ќе играм ќе носам ќе везам
Ти ќе играш ќе носиш ќе везеш
Тој, таа, тоа ќе игра ќе носи ќе везе
Ние ќе играме ќе носиме ќе веземе
Вие ќе играте ќе носите ќе везете
Тие ќе играат ќе носат ќе везат

Одречните форми на идното време се образуваат со прибавување на честичката не пред идното време[1].

пр: Јас не ќе играм фудбал.

Ако се изразува поголема сигурност во вршењето или невршењето на идното дејство, тогаш се употребува конструкција од глаголот има, партикулата да и сегашното време[1].

пр: Утре има да одам на часови! или Утре нема да одам на часови!

Кај некои дијалекти, особено северозападните и западните, при изговор се случува спојување на честичката 'ќе' со глаголот, па така реченицата „Јас ќе одам во град“ може да се изговори како „Јас ќ'одам во град“.

Употреба

уреди
 
Графички приказ на идното време во македонскиот јазик.

Со идното време во македонскиот јазик се означува дејство кое се врши или се извршува по момемнтот на зборувањето[1].

пр: Марко ќе оди во Охрид.

Поимот иднина може да се однесува не само на периодот по сегашноста, туку у на периодот по некој момент во минатото, како на пример во реченицата: Пред една недела ми кажаа дека Марија ќе оди во Охрид. Во овој пример се користи глаголската форма ќе оди и означува идност во однос на некое друго време, а не во однос на сегашноста.

Покрај стандардното и основно значење за идност, идното време се користи за искажување и на[1]:

  • минатост
  • заповед
  • претпоставка
  • севременост
  • повторливост
  • услов
  • можност

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 128 и 129. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди