Минато неопределено несвршено време во македонскиот јазик
Минатото неопределено несвршено време (МННВ) или перфект од несвршени глаголи — сложена глаголска форма во македонскиот јазик со која се искажува прекажано дејство и дејство кое се кажува директно. Во лингвистиката ова време се нарекува перфект, поконкретно во македонистиката перфект од несвршени глаголи. Минатото неопределено свршено време е функционира слично како англискиот сегашен перфект т.е. present perfect continuous. Карактеристично за ова време е образувањето со глаголска л-форма од глаголот кој се менува[1]. Ова време е многу слично со минатото неопределено свршено време, но разликата е во видот на глаголот.
Карактеристично за македонскиот јазик е тоа што перфектот од свршени и несвршени глаголи развил две паралелни форми. Едната форма, која е застапена во сите македонски говори, се прави со помошниот глагол „сум“ и глаголската л-форма и често овој перфект се нарекува „сум-перфект“. Втората форма се образува со помошниот глагол „има“ и глаголска придавка, и овој перфект често се нарекува „има-перфект“. Има-перфектот е почесто застапен во западните македонски говори и двете форми имаат скоро иста функција во реченицата и времето.
Образување
уредиМинатото неопределено несвршено време се образува со сегашното време на помошниот глагол сум и глаголската л-форма на менуваниот глагол. Глаголот кој се менува во ова време е секогаш од несвршен вид, по кој е и добиено името перфект. Важно е да се напомене дека за трето лице еднина и множина нема форма на помошниот глагол сум. Помошниот глагол сум во ова време се користи поради тоа што глаголската л-форма е нелична т.е. нема лице[2].
Деклинацијата на глаголите од трите основни раздели за сум-перфект изгледа вака:
а - раздел чита |
и - раздел носи |
е - раздел пее | |
---|---|---|---|
Јас | сум читал | сум носел | сум пеел |
Ти | си читал | си носел | си пеел |
Тој Таа Тоа |
читал читала читало |
носел носела носело |
пеел пеела пеело |
Ние | сме читале | сме носеле | сме пееле |
Вие | сте читале | сте носеле | сте пееле |
Тие | читале | носеле | пееле |
Деклинацијата на глаголите од трите основни раздели за има-перфект изгледа вака:
а - раздел чита |
и - раздел носи |
е - раздел пее | |
---|---|---|---|
Јас | имам читано | имам носено | имам пеено |
Ти | имаш читано | имаш носено | имаш пеено |
Тој Таа Тоа |
има читано | има носено | има пеено |
Ние | имаме читано | имаме носено | имаме пеено |
Вие | имате читано | имате носено | имате пеено |
Тие | имаат читано | имаат носено | имаат пеено |
Употреба
уредиМинатото неопределено несвршено време се користи за изразување минато дејство без да се укаже или да се определи конкретниот момент на одвивање на дејството. Поради тоа времето се нарекува „неопределено“. Формите на ова време се употребуваат за прекажување или за директно кажување на дејството. Под директно кажување се мисли на наши мисли или искуства, додека под прекажување се мисли на прераскажување туѓи мисли или настани[3]. Ова време е слично со минатото неопределено свршено време, но разликата е во самиот глагол, односно тука глаголот и дејството не се свршени.
Примери за основното значење на времето се следните реченици:
- Никогаш не сум шетал во Лондон. - директно кажување
- Тој ми рече дека никогаш не сте гледале серии. - прераскажување
Покрај оваа основна употреба, времето се користи за искажување и на:
- констатација - пр. Многу си пораснала.
- заповед - пр. Немој да си читал нешто што не треба!
- идност - пр. Да прошетаме малку додека не се стемнило.
- севременост - пр. Дошол гост, расипал пост.
- претпоставка - Сигурно веќе го работел ова.
Користена литература
уреди- ^ Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Македонска граматика од Виктор Фридман. (англиски)
- Граматика на македонскиот литературен јазик Архивирано на 30 јуни 2017 г. од Хорас Лант. (англиски)
- Македонска граматика Архивирано на 24 септември 2011 г. од Круме Кепески. (македонски)