Категорија вид на глаголите во македонскиот јазик

Со граматичката категорија вид на глаголите во македонскиот јазик искажуваме дали дејството може да трае подолго или да се заврши во истиот миг. Во зависност од тоа разликуваме:

  1. свршени глаголи
  2. несвршени глаголи
Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Свршени глаголиУреди

Свршените глаголи се глаголи чие дејство го сфаќаме како целосно завршено. За таквите глаголи велиме дека се глаголи од свршен вид.

Дејството во свршените глаголи може да се извршило во:

  • еден момент
Примери за свршени глаголи чие дејство се извршило во еден момент: тропне, чукне, падне, рипне, пукне.

а може да означува и:

  • почеток на дејство
Примери за свршени глаголи кои означуваат почеток на дејство: заигра, појде.
  • крај на дејство
Примери за свршени глаголи кои означуваат крај на дејство: прочита, доплива, изигра.
  • дел од дејство
Примери за свршени глаголи кои означуваат дел од дејство: поседи, поработи.

Несвршени глаголиУреди

Несвршените глаголи се глаголи чие дејство трае, се одвива, не е завршено. За таквите глаголи велиме дека се глаголи од несвршен вид.

Разликуваме:

  • трајни (глаголи чие глаголско дејство трае без прекинување)
Примери за трајни несвршени глаголи: чита, пее, плива, јаде, игра.
  • повторливи (глаголи што означуваат неограничена низа од повеќе свршени дејства што се вршат едно по друго)
Примери за повторливи несвршени глаголи: прелистува, превртува, прескокнува.