Минато-идно време во македонскиот јазик
Минатото-идно време — едно од сложените глаголски форми на македонскиот јазик. Ова време е конкретно по тоа што со него се искажува идно дејство, но од минат глаголски вид и идното дејство не се искажува во сегашноста. Ова време се формира со честичката ќе со кое се искажува идноста на времето и минато определено несвршено време на глаголот со кое се искажува минатиот глаголски вид.[1]
Образување
уредиМинатото-идно време се образува со ставање на честичката ќе пред глаголот. Глаголот кој следи по честичката е во минато определено време, кој пак може да биде од свршен и несвршен вид, односно минато определено свршено и минато определено несвршено време.[1]
Промената на глаголи од несвршен вид изгледа вака:
вика | крои | пече | |
---|---|---|---|
Јас | ќе викав | ќе кроев | ќе печев |
Ти | ќе викаше | ќе кроеше | ќе печеше |
Тој, таа, тоа | ќе викаше | ќе кроеше | ќе печеше |
Ние | ќе викавме | ќе кроевме | ќе печевме |
Вие | ќе викавте | ќе кроевте | ќе печевте |
Тие | ќе викаа | ќе кроеја | ќе печеа |
Промената на глаголи од свршен вид изгледа вака:
викне | скрои | испече | |
---|---|---|---|
Јас | ќе викнев | ќе скроев | ќе испечев |
Ти | ќе викнеше | ќе скроеше | ќе испечеше |
Тој, таа, тоа | ќе викнеше | ќе скроеше | ќе испечеше |
Ние | ќе викневме | ќе скроевме | ќе испечевме |
Вие | ќе викневте | ќе скроевте | ќе испечевте |
Тие | ќе викнеа | ќе скроеја | ќе испечеа |
Одречните форми на минатото-идно време се образуваат со партикулата не (не ќе викав) или со глаголот нема во форма за трето лице еднина во минато определено несвршено време и да-конструкција (немаше да викам, немаше да викаме)[1].
Употреба
уредиМинатото-идно време се користи за изразување на идност која не следува по моментот на зборувањето (сегашноста), туку по некој друг минат момент. Со други зборови, во моментот на соопштувањето на времето тоа е минато, а е идно во однос на друго минато дејство, бидејќи следува по него[1].
Ова време има слични значења со идното време. Неговото присуство посебно е забележливо во условните реченици за искажување нереален услов (пр: Да знаев, ќе кажев.) и во речениците во кои се набројуваат повторливи, последователни дејства што се случувале во минатото (пр: Ќе земев сол, ќе турев во солта малку вода...)[1]
Наводи
уредиПоврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Македонска граматика од Виктор Фридман. (англиски)
- Граматика на македонскиот литературен јазик Архивирано на 30 јуни 2017 г. од Хорас Лант. (англиски)
- Македонска граматика Архивирано на 24 септември 2011 г. од Круме Кепески. (македонски)