Да-конструкција
Да-конструкцијата е една доста карактеристична особина на македонскиот јазик. Оваа сложена глаголска конструкција е составена од честичката да и некој глагол, кој најчесто е во сегашно време. Да-конструкцијата има самостојна употреба и истата може да ги има едно од следните значења:[1]
- заповед - Одма да ми донесеш кафе!
- желба и здравица - Да си жив и здрав!
- клетва- Да не прогледаш!
- неопределено глаголско дејство, или во некои јазици тоа е инфинитив- Да се биде или не?
Да-конструкцијата може да биде дел од: одречни сложени глаголски форми за искажување идност, негирана директна заповед, сложени глаголски конструкции со некои глаголи што означуваат начин на вршење дејство, фаза од вршењето на дејството или личен став на зборувачот кон дејството.[2]
Користена литература
уреди- ^ Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ^ Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ^ Friedman, Victor (2001). Macedonian grammar (англиски). SEE LRC, USA.
- ^ Lunt, Horace (1952). Grammar of the Macedonian literary language (англиски). Skopje.
- ^ Конески, Блаже (1967). Граматика на македонскиот литературен јазик. I и II. Скопје: Култура.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Македонска граматика од Виктор Фридман. (англиски)
- Граматика на македонскиот литературен јазик Архивирано на 30 јуни 2017 г. од Хорас Лант. (англиски)
- Македонска граматика Архивирано на 24 септември 2011 г. од Круме Кепески. (македонски)
Оваа статија за македонскиот јазик е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |