Глаголска л-форма во македонскиот јазик

Глаголска л-форма — една од повеќето прости глаголски форми во македонскиот јазик. Глаголската л-форма го има добиено својот назив по основната одлика, односно според завршетокот на глаголите.

Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Особености уреди

Како што веќе е напоменато, името на простата глаголска л-форма е добиено по карактеристичната наставка . Оваа глаголска л-форма има промена само по род и по број[1].

Кај глаголите од а-група постои само една форма како на пример „копал“. Глаголите од е-група и и-група често образуваат по две л-форми како на пример „станал/станел“ или „паднал/паднел“. Од примерите може да се дојде до заклучок дека постојат свршени и несвршени л-форми од несвршени и свршени глаголи. Едната л-форма изразува свршено дејство (пр. станал) додека другата несвршено дејство (пр. станел).[2]

Употреба уреди

Глаголска л-форма најмногу се употребува кога сакаме да прераскажеме некому нешто, без разлика дали сме го чуле тоа, прочитале, или пак некој ни го кажал.

На пример, мојот пријател ми вели: „Татко ми беше брашнар. Го работеше тој занает долго време“. Значи мојот другар ми раскажа за неговиот татко. Тој очигледно ја знае приказната за татко му, а јас не ја знам бидејќи не сум бил таму. Сега, ако сакам да го прераскажам тоа на некој или напишам, ќе биде: „Татко му бил брашнар. Го работел тој занает долго време“.

Што учиме од ова? Учиме дека ја користиме формата кога не сме биле физички таму за време на настанот. Примери: „Леле, колку си пораснал!“; „Што си правел во Гевгелија?

Глаголска л-форма се употребува и кога поставуваме и одговараме хипотетички прашања . На пример: „Ако би бил џин, што би направил?“; „Јас би скокнал мошне високо.

Друга употреба е кога претпоставуваме нешто. На пример: „Претпоставувам чуварите веќе го фатиле бегалецот“.

Образување уреди

Според образувањето на л-формата се изделуваат глаголи од е-група со о-раздел. Тука се јавуваат[1][2]:

  • редување на согласки - пр. текол, течел
  • испуштање на самогласки -пр. текол, текла
  • скратување - пр. јадел, јал
  • неправилно образување - пр. дојдел, дошол

Во однос на употребата се изделуваат несвршени л-форми од свршени глаголи (пр. дојдел). Тие не се самостојни туку одат со некои сврзници и партикули како на пример со ако, да ќе и слично. Така се образува фраза „ако дојдел“, а не „јас дојдел“.[1]

Покрај основната функција, со оваа глаголска форма се градат и одредени сложени глаголски форми како на пример минато неопределено време, предминато време, идно прекажано време и можен начин.[2]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. стр. 196–197. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 222 и 224. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди